ИСТАНБУЛ – ПРИКАЗНА ОД ОРИЕНТОТ

Од 9.790 ден
  • Превоз на дадената релација со модерен, високотуристички автобус;
  • Сместување во хотел Delta 3* http://www.deltahotelistanbul.com/ на база 3 ноќевања со појадок;
  • Организиран разглед на Истанбул со локален водич;
  • Посета на плоштадот Таксим и пешачката улица Istikal;
  • Посета на Цариградската Патријаршија;
  • Лиценциран туристички пратител за времетраење на аранжманот;
  • Организација и реализација на аранжманот.

Детали за понуда

ИСТАНБУЛ – ПРИКАЗНА ОД ОРИЕНТОТ

 

1 ДЕН 25.04.2019 (четврток) СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Состанок на групата во 14:00 часот. Поаѓање во 14:30 часот. Ноќно возење преку граничниот премин Богородица, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

2 ДЕН 26.04.2019 (петок) ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот со локален водич: Аја Софија, Сината џамија, Топ Капи, Аксарај, Лалели џамија,Бејазитова џамија, Универзитетот, Римскиот аквадут, Златниот рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на Бешикташ, Галата кулата, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Сулејманија, Фатих џамија. Сместување во хотел Delta 3*. Организирана посета на Капали Чаршија.  Факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул- Ускудар –Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13,5 км за 4 минути, 60метри под нивото на водите на Босфор..Европа-Азија), кадешто ќе се види Девствената кула и Михрима Султан џамијата. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ДЕН 27.04.2019 (сабота) АЈА СОФИЈА – ТОП КАПИ – ДОЛМА БАХЧЕ – КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР

Појадок. По појадокот факултативна посета и разглед на Аја Софија и Топ Капи која содржи музејска збирка со непроценливо богатство, со вклучена влезница и водич. Факултативна посета на Долма Бахче сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан (со вклучена влезница и водич). По разгледот следи факултативно крстарење по Босфор, панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот и пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија. Враќање во хотел. Во вечерните часови, можност за факултативна вечера во национален ресторан, за незаборано доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ДЕН 28.04.2019 (недела) ТАКСИМ – ЦАРИГРАДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА – САФИР СЕЈИР ТЕРАСА – МИНИЈАТУРК

Појадок. По појадокот заминување во организирана посета во центарот на модерен Истанбул – плоштадот Таксим и пешачката улица Istikal. Посета на Цариградската Патријаршија по повод Христијанскиот празник Велигден. Факултативна посета Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа висока (238м), од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку  4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата Мостот, Девствената Кула.. Факултативна посета на МИНИЈАТУРК ПАРК- минијатурен парк отворен во 2003 година, со површина од 60000 м2, најголем минијатурен парк во Светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури од кои 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, истите се со размер од 1:25… Враќање во хотел. Ноќевање.

 

5 ДЕН 29.04.2019(понеделник)

      Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и посета на познатиот шопинг центар Форум каде се наоѓа големиот Аквариум. Поаѓање за Скопје во пладневните часови.

6 ДЕН 30.04.2019(понеделник) СКОПЈЕ

        Пристигнување во Скопје во утринските часови.

                              ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 9790,00 ДЕНАРИ

                                           ПРОМО ЦЕНА ДО 06.04.2019 – 9000,00 ДЕНАРИ

 

 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на дадената релација со модерен, високотуристички автобус;
  • Сместување во хотел Delta 3* http://www.deltahotelistanbul.com/ на база 3 ноќевања со појадок;
  • Организиран разглед на Истанбул со локален водич;
  • Посета на плоштадот Таксим и пешачката улица Istikal;
  • Посета на Цариградската Патријаршија;
  • Лиценциран туристички пратител за времетраење на аранжманот;
  • Организација и реализација на аранжманот.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Посета на Аја Софија со вклучена влезница – 15 евра;
  • Посета на Топ Капи со вклучена влезница – 15 евра;
  • Посета на Азискиот дел – Ускудар – Белербеј, под подводниот тунел – 10 евра;
  • Посета на Долма Бахче Сарај (вклучена влезница и водич) – 25 евра;
  • Крстарење со брод по Босфор (со локален водич) – 15 евра;
  • Посета на Sapphire Seyir Terasi – 15 евра;
  • Вечера во национален ресторан – 30 евра;
  • Посета на МинијаТурк Парк – 10 евра;
  • Патничко и здрвствено осигурување 300 денари;
  • Доплата за еднокреветна соба 3600 денари.

 

    НАПОМЕНА:

                  -За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 патници.

+Инфо

Термини и цени за оваа понуда:

25.04.2019
9.790 ден
Резервирај