Романтичен ФАДО

Од 799 eur
  • Крстарење (11 дена/10 ноќи) со бродот rencontre emmanuel macron et donald trump Costa Favolosa на релација Савона (Италија)  – Марсеј ( Франција) – Малага (Шпанија) – Лисабон (Португалија) – Кадиз (Шпанија) – Барцелона (Шпанија) – Савона (Италија);
  • Задолжителни пристанишни такси во износ од 160 eur;
  • Сместување во двокреветни кабини внатрешна категорија Basic Clasic во текот на крстарењето;
  • Проширен полн пансион (доручек, ручек, вечера, попладневен оброк). Сите оброци се служат или се по систем бифе (шведски стол) или во ресторан по систем на избраното мени;
  • Забава во бродскиот театар секоја вечер во текот на крстарењето и бродските салони со различни видови на жива музика, диско клуб, караоке…
  • Користење на базеот, фитнес сала, патека за трчање и хидромасажни кади (jacuzzi) на лидо палубата;
  • Сите рекреативно забавни програми како и анимација на деца во специјализирани простории;

Детали за понуда

http://josiart.at/rete/3944 Италија Discover More Here site rencontre 100 gratuite Шпанија como coquetear con un hombre con la mirada photos coquines gratuites Франција http://vahidsport.com/pltyte/factore/1552 site de rencontre musulmane pour mariage gratuit Португалија

http://www.cccbc.net/mardyl/3718 https://restaurantmartinwishart.co.uk/atom/2361 Романтичен Фадо  

СавонаМарсејМалагаЛисабонКадизБарцелона

Поаѓање од Скопје20. октомври 2019. Пакет аранжман + брод  (13 дена, 10 ноќевања)

 First minute до 01.07.2019.

  1. ден, 20. окт. Недела Скопје – Белград

Трансфер од Скопје до Белград. Поаѓање со автобус од Белград на паркингот Милан Гале Мушкатировиќ, 25.мај во 16.00часот. Се патува преку Р.Хрватска и Р.Словенија со кратки попатни паузи за одмор и задолжителни царински формалности.

  1. ден, 21. окт. Понеделник : СавонаИталија

Пристигнување во Савона во предпладневните часови. Слободно време за индивидуални активности. Качување на бродот Costa Favolosa. Слободно време за запознавање со бродските простории. Ужување во бродските активности. Испловувањето на бродот од пристаниште е предвидено за 16.30 часот.  Вечера. Ноќевање.

Ден Пристаниште Доаѓање Поаѓање
1. ден Понеделник, 21. okт. Савона – Италија 16:30
2. ден Вторник,  22. oкт. Марсеј – Франција 09:00 17:00
3. ден Среда,  23. oкт. Ден на море
4. ден Четврток,  24. oкт. Малага – Шпанија 08:00 19.00
5. ден Петок, 25. oкт. Ден на море
6. ден Сабота, 26. oкт. Лисабон – Португалија 08.00
7. ден Недела, 27. oкт. Лисабон – Португалија 16.00
8. ден Понеделник, 28. Oкт. Кадиз – Шпанија 09.00 19.00
9. ден Вторник, 29. oкт. Ден на море

 

  10. ден Среда, 30. окт. Барцелона – Шпанија 08.00 13.00

 

11 . ден Четврток, 31. окт. Савона – Италија 09.00
  1. ден, 22. окт. Вторник : МарсејФранција

Пристигнување на бродот во пристаниште околу  08.00 часот –  По доручекот слободно време за индивидуални активности. Можност за факултативен разглед на Марсеј. Ова познато пристаниште и втор најголем град во Франција ќе го одушеви секој посетител со средовековните градби, улични пејсажи и динамичен дух, базиликата “Notre Dame de la Garde” и поранечниот затвор познак како француски Алкатраз. Слободно време за индивидуални активности. Враќање на брод. Испловувањето на бродот е планирано за 17.00 часот. Вечера. Слободно времее. Ноќевање.

  1. ден, 23. окт. Среда : Ден на море

Бродот ќе плови на територијалните води на Франција и Шпанија во правец на Малага. Costa Favolosa е елегантно изграден брод во италијански стил. Бродот поседува 5 ресторани, 13 барови, 5 кади за масажа, 5 базени вклучувајќи и базен за деца. “Samsara Spa” (wellness чентар на 6000 m2 сауна, сала за тренинг, турско купатило, солариум, спортски терен, доплата за користење), патека за трчање, театар на 2 нивоа,  4D  кино,  казино, дискотека, забавен парк за деца: virtual world, play-station клуб… Слободно време за уживање во бродските капацитети. Ноќевање.

  1. ден, 24. окт. Четврток : МалагаШпанија

Појадок. Пристигнување на бродот во пристаниште околу  08.00 часот. Малага е втор град по големина во покраината Андалузија на југот на Шпанија и една од најважните туристички дестинации во земјата. Преставува главен град и географски центар во регионот на Коста дел Сол. Ова е родниот град на познатиот сликар Пабло Пикасо. Од знаменитостите секако треба да се посетат Градската катедрала, замокот  La Alkazaba, тврдината Gibralfaro, базиликата Св. Марија од Викторија… Испловување на бродот околу 19:00 часот. Вечера. Уживање во бродските активности Ноќевање.

 

  1. ден, 25. окт. Петок : Ден на море

Бродот ќе плови на територијалните води на Шпанија и Португалија во правец на Лисабон. Слободно време за уживање во бродските капацитети и анимации. Ручек. Вечера. Вечерна анимација. Ноќевање

  1. ден, 26. окт. Сабота : ЛисабонПортугалија

Појадок. Пристигнување на бродот во пристаниште околу  08.00 часот. Слободно време за индивидуални активности. Лисабон е главен и најголем град во Португалија. Преставува спој на традиционалната и модерната атхитектура. Од знаменитостите секако треба да се видат Соборната црква, Алфаму – боемскиот дел на градот, Јеронимскиот манастир кој е под заштита на УНЕСКО, кулата Белем… Враќање на брод. Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Вечерна анимација. Ноќевање.

  1. ден, 27. окт. Недела : Лисабот – Португалија

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Предлагаме возење со познатиот Лисабонски трамвај. Бродот испловува од пристаниште околу 16.00 часот. Вечера. Вечерна анимација. Ноќевање.

  1. ден, 28. окт. Понеделник : Кадиз – Шпанија

Пристигнување на бродот во пристаниште околу  09.00 часот. Слободно време за индивидуални активности. Кадиз е еден од наубавите градови во областа Коста дел Сол, преставува мешавина на различни култури, кои на ова место му даваат посебен шарм. Плажата Калета е една од најубавите и е одлична за љубителите на сурфањето. Самиот град датира од 1.000 година п.н.е., а е воедно и местото од каде  Колумбо тргнал на своето најважно патување. Секако треба да се посетат: Градската Катедрала, Археолошкиот музеј, кулата Torre Tavira, тврдината Сан Себастијан, плоштадот Сан Антонио… Можност за факултативна посета на Севиља. Враќање на брод. Бродот испловува од пристаниште околу 19.00 часот. Вечера. Ноќевање.

  1. ден, 29. окт. Вторник : Ден на море

Бродот ќе плови на територијалните води на Шпанија во правец на Барцелона. Слободно време за уживање во бродските капацитети и анимации. Ручек. Вечера. Вечерна анимација. Ноќевање.

  1. ден, 30. окт. Среда : Барцелона – Шпанија

Пристигнување на бродот во пристаниште околу  08.00 часот. По појадокот слободно време за индивидуални активности. Можност за факултативна посета на Барцелона. Од знаменитостите во Барцелона секако треба да се видат споменикот на Колумбо, Монжуик, Шпанскиот плоштад, Гран Виа, Пасео де грација, познатите градби на Гауди – зградата Батљо и Педрера, кадетралата Саграда Фалимија, Готската област. Бродот испловува од пристаниште околу 13.00 часот. Ручек. Вечера. Слободно време. Ноќевање.

  1. ден, 31. окт. Четврток : Савона –  SERAVALLE,  Италија

Пристигнување на бродот во пристаниште околу  08.00 часот. По појадокот напуштање на бродот.Патот продолжува кон блискиот трговски центар Seravalle.  По паузата се продолжува кон Белград со паузи заради одмор.

  1. dan, 01. ное. Петок : Белград –  Скопје

Пристигнување во Белград во раните утрински часови. Трансфер до Скопје.

  Возрасни 18-99 Деца од 2-17.99 години Деца 0-1.99 години
Цена во евра по лице во избраната кабина 1/2 3. I 4. лица 1/1 Прво и второ дете во  1/3, 1/4 Пвро и второ дете во 1/3, 1/4
Внатрешна кабина 899

799

 799

699

1.299 1.199 415 199
Кабина со прозор  1089 989 989

889

1.584

1.484

415 199
Балконска кабина 1322 1.222 1222 1.122 1.789 1.683 415 199

ППОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • Попуст за сопствен превоз 50 €;

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

  • Плаќање во денарска противвредност по курс од 62 денари за 1 евро.
  • При пријавување се врши уплата од 40% од цената на аранжманот, остатокот 20 дена пред поаѓање.

 

ОПИС НА БРОДОТ:

Бродска компанија:                Costa Croisere

Брод:                                               Favolosa;

Година на изградба:             2010.год;

Должина:                                     290 m;

Број на патници:                      3.780;

Број на палуби:                         13 патнички;

Бродски содржини              5 ресторани, 13 барови,  wellness, фитнес сала, сауна, турско купатило,  jakuzzi кади, затворен базен со стаклен покриен кров, главен базен, повеќенаменски спортски терен и патека за трчање на отворено, театар, казино, диско клуб, дел за интенет…

https://www.costacruise.com/eu/costa_favolosa.html

 

НАПОМЕНИ:

  • Сите одредби и правила за времетраење на крстарењето се дел од правилникот на бродот Costa Croisere (Посебни услови на патување);
  • Бродската компанија го задржува правото на промена на програмата за крстарење и останати промени предизвикани од непревидени околности по меѓународни прописи за пловење и морски превоз на патници;
  • При евентуална доплата за гориво, важат општите улсови на компанијата Brodara Costa Croisere;
  • Ако гостите на бродот во време на ручек користат некои од излетите, или слободното време го поминат надвор од бродот, компанијата нема да служи ручек;
  • Секоја промена на програмата на патување од страна на патникот во текот на патувањето а во согласност со преставникот на агенцијата не преставува измена на договрената програма;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на програмата (редоследот на поединичните содржини од програмата во зависност од објективни околности);
  • Сите патници по прифаќањето се обврзани да се запознаат со договорениот програм на патување, условите на плаќање, условите за патничко здравствено осигурување и Општите услови и правила за патување на Организаторот на патувањето и посебните правила за пловење на компанијата Costa Croisere ;
  • Деца до 7 месеци немаат дозволен престој на бродот;
  • За патниците кои користат сопствен превоз, не сме во можност да им обезбедиме разгледување на градовите кои се предвидени во автобускиот дел од програмата;
  • Сите патници пред поаѓањето на пат се должни да се запознаат со правилата и прописите на земјите во кои патуваат;
  • За сите факултативни излети потребен е минимален број на патници за да се реализираат;
  • Во слуцај на недоволен број на пријавени патници, краен рок за известување за отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред поаѓање;
  • Напомена поврзана со седењето во автобус: При потпишување на договорот патникот е должен да го прифати местото во автобусот кое му го доделува агенцијата. Дополнителни промени не се возможни. Агенцијата прави распоред на седење, земајки во предвид постари лица, семејства со мали деца, трудници, како и времето на уплата;
  • Организаторот на патувањето не сноси одговорност за евентуални различни усмени информации околу програмата на патувањето, добиени од страна на вработените во Агенцијата како и вработените во овластените субагенти, кои не се во согласност со елементите предвидени со договорот на патување;
  • Програмата е направена на база на 40 патници;
  • Организаторот на патувањето не е должен и овластен да ја процени исправноста на патните и други лични документи.

Во цената е вклучено

  • Крстарење (11 дена/10 ноќи) со бродот Costa Favolosa на релација Савона (Италија)  – Марсеј ( Франција) – Малага (Шпанија) – Лисабон (Португалија) – Кадиз (Шпанија) – Барцелона (Шпанија) – Савона (Италија);
  • Задолжителни пристанишни такси во износ од 160 eur;
  • Сместување во двокреветни кабини внатрешна категорија Basic Clasic во текот на крстарењето;
  • Проширен полн пансион (доручек, ручек, вечера, попладневен оброк). Сите оброци се служат или се по систем бифе (шведски стол) или во ресторан по систем на избраното мени;
  • Забава во бродскиот театар секоја вечер во текот на крстарењето и бродските салони со различни видови на жива музика, диско клуб, караоке…
  • Користење на базеот, фитнес сала, патека за трчање и хидромасажни кади (jacuzzi) на лидо палубата;
  • Сите рекреативно забавни програми како и анимација на деца во специјализирани простории;
  • Превоз со туристички автобус (audio, video, A/C) на дадената релација;
  • Услуги на водич –  во текот на патувањето;
  • Организација и реализација на аранжманот.

Во цената не е вклучено

  • Задолжителен бакшиш (tips) кои се плаќа на брод во износ од 100 € за возрасни по лице, деца помали од 4 години гратис, деца од 4 до 14 години плаќаат 50%.
  • Задолжително патничко осигурување за времетраење на аранжманот кое се плаќа во агенција. Во случај на користење лекарски услуги на брод, плаќањето се врши на лице место а рефундација се врши по враќањето, во осигурителната компанија.
  • Пијалоците на бродот, вклучувајќи и вода за пиење, освен водата и пијалоците за време на доручекот со кои патниците сами се послужуваат во ресторанот во кој се служи доручек по систем шведска маса;
  • Секојдневни факултативни излети организирани од страна на бродот (инфорнации на инфо дескот на бродот).
  • Програми во посебните простории на бродот Costa Samsara Spa, каде патниците може да ужуваат во различни видови на масажа, турско купатило, сауна, хидромасажни кади…
  • Користење на спортските терени на бродот;
  • Користење на мини бар во кабините;
  • Забава во казино(игрите на среќа се плаќаат во евра и неможе да се да се плаќаат со бродски картички, туку во готово);
  • Останати лични услуги на бродот како што се: перење алишта, room service, користење на бродските услуги за комуникација,фотографии, интернет конекција, купување во бродските продавници…

+Инфо

Термини и цени за оваа понуда:

Моментално нема отворени термини.
Резервирај