4 ДНЕВНА ПРОГРАМА

Код на патување:

МАКЕДОНСКИОТ БИСЕР ОХРИД

3 ноќи / 4 дена

16.07 – 19.07 / 23.07 – 26.07 / 30.07 – 02.08 / 06.08 – 09.08 / 13.08 – 16.08 / 20.08 – 23.08 / 27.08 – 30.08

 

1 ден четврток: Скопје – Охрид

Состанок на групата во 07:30 часот, поаѓање во 08:00 часот на пракингот спроти Holiday Inn.

Се патува преку Тетово, Гостивар, Кичево…пристигнување во Охрид. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечера. Ноќевање.

2 ден петок: Охрид – Св.Наум – Заливот на коските – Охрид

Појадок. По појадок се упатуваме кон манастирскиот комплекс Св.Наум. Едночасовното возење нуди можност за подобро запознавање со природата која го опкружува Охридското езеро како и неговото значење за Охрид и Македонија како и убавините на Националниот парк Галичица. Разглед на манастирскиот комплекс и изворите на реката Црн Дрим, Св. Наум — манастир изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на неговата најјужна точка, во една месност со ретка природна убавина. Можност за ручек и дегустација на локалните специјалитети во ресторанот кој се наоѓа во манастирскиот комплекс во Св.Наум. На враќање попатна посета на Заливот на коските. Наколните надводни живеалишта како начин на човечко егзистирање во специфична микросредина се особено карактеристични за праисторискиот период. Комплексот содржи пристапен објект со постојана изложба на откриените артефакти и кафе-бар, база за подводна археологија и развивање на подводен туризам, наколна населба со 24 реконструирани праисториски куќи на дрвена платформа над езерската вода, повеќе реконструирани полуотворени градби во рамките на кастелот (во вид на видиковци за одмор на посетителите) и други содржини кои го збогатуваат вкупниот амбиент на водите и брегот на Охридското Езеро. Враќање во Охрид.  Вечера. Ноќевање.

3 ден сабота: Охрид

Појадок. Ден предвиден за слободни активности Вечера. Ноќевање.

4  ден недела: Охрид  – Хераклеа – Крушево – Стоби- Скопје

Појадок. По појадокот поаѓање кон Скопје преку Битола и археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис. По посетата на локалитетот се продолжува кон највисокиот град на балканскиот полуостров, Крушево, придружувани од локален туристички водич ќе се посетат Алеата на Великаните, каде се наоѓаат вечните домови на Тоше Проески и Питу Гули, споменикот Македониум  посветен на Илинденското востание и Крушевската Република, како и Меморијалниот музеј на Тоше Проески. Слободно време за одмор и ручек. Патот продолжува кон археолошкиот локалитет Стоби, најголем од овој тип во Македонија. Организиран посета на истиот и разглед со локален кустос. Поаѓање за Скопје во пладневните часови.

Пристигнување во Скопје во вечернитe часови.

ОПИС НА ХОТЕЛИТЕ:

Хотел ,,ФЛАМЕНГО”  4* – ОХРИД

Хотел ,,Фламенго” 4* e лоциран на само 5 минути пешачење од строгиот центар на градот или 15 минутна прошетка до Лабино плажата. Хотелот располага со ресторан, надворешен базен со бар, како и сопствен паркинг.

Хотелот има 49 соби. Секоја соба има сопствено купатило, бесплатно WIFI, клима и кабелска ТВ.

За нашите гости користењето на базенот како и лежалките и чадорите за сонце се бесплатни.

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 25 патници. За ова патување важат општите услови на СКТМ.

ХОТЕЛ ФЛАМЕНГО

КОнтакт

За резервации и информации побарајте не!

info@dreamholidays.mk
+389 2 3150 008