8 ДНЕВНА ПРОГРАМА

Код на патување:

МАКЕДОНСКИОТ БИСЕР ОХРИД

7 ноќи / 8 дена

12.07 – 19.07 / 19.07 – 26.07 / 26.07 – 02.08 / 02.08 – 09.08 / 09.08 – 16.08 / 16.08-23.08 / 23.08-30.08

1 ден недела:  Скопје  – Св.Јован Бигорски – Вевчани – Охрид

Состанок на групата на паркингот спроти Holiday Inn во 07:30 часот, поаѓање во 08:00 часот.

Патувањето започнува од Скопје кон Охрид преку западниот дел на Р.Македонија – еден од најживописните региони во земјата. Целодневниот трансфер од Скопје до Охрид вклучува патување низ најголемиот национален парк Маврово, како и посета на Реканскиот регион кој изобилува со природно богатство, но и со илјадници приказни кои ја прераскажуваат богатата историја на овој крај. Попатна посета на манастирот Св.Јован Бигорски кој е еден од највечатливите и најбогатите верски објекти во Р.Македонија. Манастирот Свети Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас. Покрај иконостасот, манастирот е познат и по иконата на Св. Јован Крстител за која се верува дека има чудотворна моќ. Патувањето продолжува кон ,,државата”  Вевчани. Иако е општина со најмал број на жители сепак има и свој пасош. На сред село ќе Ве пречекаат љубезните жители на Вевчани, кои со душа чекаат посетители за да ги раскажат легендарните приказни врзани за ова место. Освен што е препознатливо по традиционалниот карневал кој секоја година се одржува на Василица 13ти и 14ти јануари, Вевчани изобилува со неверојатна природна убавина, а вистинска атракција се Вевчанските извори. За да стигнете до изворите потребни ви се 10-тина минути од центарот на селото нагоре, следете ги ознаките и уживајте во старите уникатни селски куќи кои пленат со својата топлина. Во пределот кај изворите направена е посебна пешачка патека, можете да најдете и дрвени клупи и масички. Уживајте во зеленилото и звукот на водата.  Доцна попладне сместување во хотел во Охрид. Вечера. Ноќевање.

2 ден понеделник: Охрид

Појадок. По појадокот следи разглед на градот кој е познат како Балкански Ерусалим со стручен локален водич започнувајќи со прошетка низ старата охридска чаршија, Алипашината џамија, стариот дел на градот со црквата Св.Софија, Античкиот амфитеатар, локалитетите Долна и Горна порта, Самоиловата тврдина, археолошкиот локалитет Плаошник како и црквата Св.Јован Канео. Можност за враќање на главниот плоштад во традиционални рибарски чамци. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот и шопинг на познатите охридски бисери. Можност за ручек во локалните ресторани каде може да се вкусат преубавите традиционални охридски специјалитети: пастрмка, јагула, ѓомлезе… Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

3 ден вторник: Охрид

Појадок. Ден предвиден за слободни активности. Можност за факултативен разглед од водена перспектива на Охридското крајбрежје и градот Охрид, прекрасна можност во попладневните часови да се види прекрасното зајдисонце и осветлувањето на Стариот град.   Вечера. Ноќевање.

4 ден среда: Охрид

Појадок. Ден предвиден за слободни активности.  Можност за полудневно факултативно крстарење по Охридското езеро до манастирскиот комплекс  Св.Наум, при кое се нуди да се видат и скриените убавини на езерото – селата Пештани и Трпеица, црквата Св. Богородица во Заум. Вечера. Ноќевање.

5 ден четврток: Охрид

Појадок. Ден предвиден за слободни активности Вечера. Ноќевање.

 

6 ден петок: Охрид – Св.Наум – Заливот на коските – Охрид

Појадок. По појадок се упатуваме кон манастирскиот комплекс Св.Наум. Едночасовното возење нуди можност за подобро запознавање со природата која го опкружува Охридското езеро како и неговото значење за Охрид и Македонија како и убавините на Националниот парк Галичица. Разглед на манастирскиот комплекс и изворите на реката Црн Дрим, Св. Наум — манастир изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на неговата најјужна точка, во една месност со ретка природна убавина. Можност за ручек и дегустација на локалните специјалитети во ресторанот кој се наоѓа во манастирскиот комплекс во Св.Наум. На враќање попатна посета на Заливот на коските. Наколните надводни живеалишта како начин на човечко егзистирање во специфична микросредина се особено карактеристични за праисторискиот период. Комплексот содржи пристапен објект со постојана изложба на откриените артефакти и кафе-бар, база за подводна археологија и развивање на подводен туризам, наколна населба со 24 реконструирани праисториски куќи на дрвена платформа над езерската вода, повеќе реконструирани полуотворени градби во рамките на кастелот (во вид на видиковци за одмор на посетителите) и други содржини кои го збогатуваат вкупниот амбиент на водите и брегот на Охридското Езеро. Враќање во Охрид.  Вечера. Ноќевање.

7 ден сабота: Охрид

Појадок. Ден предвиден за слободни активности Вечера. Ноќевање.

8 ден недела: Охрид  – Хераклеа – Крушево – Стоби- Скопје

Појадок. По појадокот поаѓање кон Скопје преку Битола и археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис. По посетата на локалитетот се продолжува кон највисокиот град на балканскиот полуостров, Крушево, придружувани од локален туристички водич ќе се посетат Алеата на Великаните, каде се наоѓаат вечните домови на Тоше Проески и Питу Гули, споменикот Македониум  посветен на Илинденското востание и Крушевската Република, како и Меморијалниот музеј на Тоше Проески. Слободно време за одмор и ручек. Патот продолжува кон археолошкиот локалитет Стоби, најголем од овој тип во Македонија. Организиран посета на истиот и разглед со локален кустос. Поаѓање за Скопје во пладневните часови.

Пристигнување во Скопје во вечернитe часови.

Во цената на аранжнанот се вклучени следните услуги:

Превоз на дадената релација со високотуристички автобус;
Сместување во хотел Фламенго 4*  – Охрид
на база 7  полу пансиони  (појадок и вечера)

Посети предвидени со програмата: Св.Јован Бигорски, Вевчани, Охрид, Св.Наум, Заливот на коските, археолошкиот локалитет Хераклеа, Крушево, археолошкиот локалитет Стоби
Лиценциран пратител – водич во текот на патувањето;
Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжнанот не се вклучени следните услуги:

Влезници за културно историските локалитети предвидени во програмата

 

НАПОМЕНА:

При уплата на аранжманот може да се користат Ваучери за туризам и платежните картички за домашни производи

При реализација на аранжманот во целост ќе се почитуваат безбедносните мерки и препораки на Министерството за здравство и Владата на РСМ

ОПИС НА ХОТЕЛИТЕ:

Хотел ,,ФЛАМЕНГО”  4* – ОХРИД

Хотел ,,Фламенго” 4* e лоциран на само 5 минути пешачење од строгиот центар на градот или 15 минутна прошетка до Лабино плажата. Хотелот располага со ресторан, надворешен базен со бар, како и сопствен паркинг.

Хотелот има 49 соби. Секоја соба има сопствено купатило, бесплатно WIFI, клима и кабелска ТВ.

За нашите гости користењето на базенот како и лежалките и чадорите за сонце се бесплатни.

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 25 патници. За ова патување важат општите услови на СКТМ.

ХОТЕЛ ФЛАМЕНГО 
ГАЛЕРИЈА НА СЛИКИ

КОнтакт

За резервации и информации побарајте не!

info@dreamholidays.mk
+389 2 3150 008