3 ДНЕВНА ПРОГРАМА

Код на патување:

АЛБАНИЈА –  8ми Септември

Елбасан – Драч – Тирана – Круја – Леже – Призрен

1 ДЕН 06.09.2020 (недела) СКОПЈЕ ЕЛБАСАН ДРАЧ

           Состанок на групата во 06:00 часот. Поаѓање во 06:30часот. Се патува преку граничниот премин Ќафасан, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Албанија во светот е претставена како сеуште скриена земја, но токму поради таа скриеност истата ја прави посебна затоа што на нејзините простори има места кои воодушевуваат со нивната убавина. Пристигнување во Елбасан, четврти град по големина сместен во централна Албанија. Градот се  наоѓа на северниот брег на реката Шкумбин. Основан во 1466 година од страна на отоманскиот султан Мехмед II, на местото на античкиот град Скампес, како основа за неговите воени операции против албанскиот командант Скендербег. Градот бил главен центар на албанскиот национализам за време на османлиското владеење. До Втората светска војна, околу 85 проценти од населението било муслиманско, а поголемиот дел од остатокот бил православен. Претставува центар за производство на маслиново масло, жито и тутун. Елбасан е поврзан со пат и со железница до пристаништето Драч и други градови. Економските активности на градот вклучуваат преработка на дрва, инженерски работи и производство на цемент, сапун и маслиново масло. Неколку километри југозападно, има нафтена рафинерија. Организриана  прошетка низ градот со посета на тврдината, архитектонски остатоци од поранешниот ѕиден град од XV век. Во центарот на градот постои православна црква, а околу 7 километри надвор од градот постои стар манастир и православна црква каде што моштите на Јован Владимир, чувани од 1381 до 1995 година, се префрлени во соборната црква во Тирана. Патувањето рподолжува кон Драч. Пристигнување во Драч во попладневните часови. Сместување во хотел. Вечерта организирана прошетка низ Драч Драч е најстариот град во Албанија и нејзиниот поранешен главен град. Се наоѓа на Јадранското Море и е најголемото пристаниште во Албанија. Градот одморалиште претставува омилена дестинација за одмор за многу локални жители и странци. Прошетка до урнатините на ѕидот на тврдината, римскиот амфитеатар, џамијата Фатух, културниот центар, како и старите воени бункери околу плажата. По прошетката низ Драч враќање во хотел. Ноќевање.

2 ДЕН 07.09.2020 (понеделник) ДРАЧ- ТИРАНА – КРУЈА – ДРАЧ

           Појадок. По појадокот, заминување кон Тирана, и разглед со локален водич на главниот и најнаселен град на Албанија. Основан е во 1614 година. Регионот што денес одговара на територијата на градот бил населен од бронзеното време. Централно поставена во рамнината на Тирана близината на Јадранското Море, градот е под влијание на медитеранската сезонска клима. Тирана е еден од највлажните и најсончевите градови во Европа, со преку 2.544 сончеви часови. Како најголем и примарен град, Тирана се смета за економски и културен центар на Албанија, поради неговата значајна локација и значење во медиумите, забавата, уметноста, меѓународната трговија, образованието, услугите, истражувањето и здравството. Сите поголеми компании во земјата, медиумите и научните институции имаат седиште во градот. Седиштата на Владата на Албанија, резиденцијата на претседателот и премиерот на Албанија се сместени во Тирана. По разгледот на градот со локален водич, патувањето продолжува кон Круја. Круја – градот на Скендербег. Иако се поминато повеќе од 500год. жителите на овој град сеуште со гордост ги прераскажуваат легендите и преданијата за исконската сила на Скендербег за одбрана на градот Круја од Отоманците се до неговата смрт. Во центарот на градот е огромната препознатлива статуа на Скендербег на коњ кој во својата рака го држи моќниот меч. Од патот подолу, куќите на Круја се чини дека седат во скутот на една планина. Антички замок излегува од едната страна, а масивниот музеј „Скендербег“.  Знаменитостите на Круја можат да бидат видени за еден час или два, со што ова е одлично место како последна станица на денот. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН 08.09.2020 (вторник) ДРАЧ – ЛЕЖЕ – ПРИЗРЕН – СКОПЈЕ

           Појадок. По појадокот напуштање на хотелот заминување кон Леже или Леска , град во северозападна Албанија со околу 15.000 жители. Сместен е на левиот брег на реката Дрим околу 9 километри од устието на Дрим во Јадранското Море. Леска е значајна раскрсница на автомобилските патишта кои водат кон ДрачТиранаСкадар и Свети Јован (Шенѓин). Градот бил основан од Дионизиј од Сиракуза, 385 година п.н.е. и од тогаш е викан Лис (латински: Lissus). Во градот се наоѓа црквате „Св. Никола“ наречена и „Црква-џамија“ — како и историскиот споменик и мавзолеј на Скендербег. Патувањето продолжува кон Призрен , Косово. Призрен е град на северните падини на Шар планина, близу границата со Албанија и Македонија.

Во XVII век најмалку 20 000 православни лица се иселиле, бегајќи од турските војски, кои го зазеле градот. Тогаш во градот почнуваат да се населуваат Албанци, коишто доаѓале од југозапад, односно Северна Албанија. Прошетка по еден од симболите на Призрен – Камениот мост кој е изграден заедно со Синан пашовата џамија. За време на поплавите во 1980 година е оштетен, а потоа обновен. Хамам или Турската бања во Призрен  е подигната кога е градена и Бајракли џамија и е една од најголемите на Балканот. Поделена е на машки и женски соби. Слободно време за индивидуални прошетки и ручек.

Поаѓање за Скопје во попладневните часови со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА: 89ЕУР (5490,00 денари)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на дадената релација со модерен, високотуристички автобус
  • Сместување во Драч, хотел Albanian Star 4* на база 2 ноќевања со појадок (https://harmoniahotelsgroup.com/albanian-star1/)
  • Разглед со локален водич на Тирана
  • Разглед со локален водич на Круја
  • Организиран посета на Елбасан и Елбасанскиот замок
  • Организирана посета на Леже (Леска) и мавзолејот на СкендерБег
  • Организиран посета на Призрен (доколку биде тргнат PCR тестот)
  • Лиценциран туристички пратител за времетраење на аранжманот
  • Организација и реализација на аранжманот

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативна свечена вечера во национален ресторан во Драч со музика – 20 евра
  • Влезници за културно-историските споменици и локалитети
  • Патничко и здрвствено осигурување 300 денари

 

    НАПОМЕНА:

                  -За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници

ХОТЕЛ АЛБАНИАН СТАР 4*

КОнтакт

За резервации и информации побарајте не!

info@dreamholidays.mk
+389 2 3150 008