Белград

Код на патување:

Белград
Прв Термин: 28.11.2020
Втор Термин: 08.12.2020

СКОПЈЕ-БЕЛГРАД  

Состанок на групата во 01:00 часот и тргнување за Белград во 01:30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со куси попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Белград во  претпладневните часови.Организиран разглед на центарот : хотел Москва, Кнез Михајловата улица, Славија,храмот Свети Сава, Калемегдан… или слободно време за индивидуални активности. Посета на LIDL.Во попладневните часови заминување за Скопје со попатна посета на IKEA. Слободно време за шопинг. Поаѓање за Скопје. Патување со куси попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

                               ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 1550,00 денари

                      ПРОМОТИВНА ЦЕНА СО ПОПУСТ ОД -35%  – 1000,00 мкд.

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со висоско туристички автобус на наведената релација;
  • Организиран разглед на Белград;
  • Придружник – пратител на групата за време на патувањето;
  • Организација и реализација на аранжманот.

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Влезници за културно-историските споменици
  • Патничко – здравствено осигурување 150 мкд.

НАПОМЕНА:

  -За реализација на аранжманот се потребени минимум 30 патници

Белград е главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде што Панонската Низина се сретнува со Балканскиот Полуостров. Населението во Белград брои над 1,2 милиони жители, додека во рамките на неговите административни граници живеат над 1,65 милиони луѓе.] Тоа е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа, по ИстанбулАтина, и Букурешт.

Првите населби во регионот на Белград биле во предисториската Винча околу 4800 п.н.е. Градот бил населен во 3 век п.н.е. од Келтите, а по доаѓањето на Римјаните станал римска колонија во провинцијата Мезија и бил наречен Сингидунум. Се смета за еден од најстарите европски градови, бидејќи неговата историја е подолга од 7000 години. Словенското име Белиград за првпат се споменува на 16 април 878 година од н.е., во една преписка помеѓу папата Јован VII и бугарскиот кнез Борис I. Белград за првпат станал главен град на Србија во 1403 година. Во својата многугодишна историја, бил освојуван од преку 40 војски: римскивизантискибугарскиунгарскиотомански итн. Бил главен град на различните форми на Југославија од 1918 до 2003, како и на државната унија на Србија и Црна Гора од 2003 до 2006 година.

Белград има статус на посебна територијална единица во Србија, со посебна автономна градска власт. Територијата на Белград е поделена на 17 општини, од која секоја има свој локален совет. Белград зафаќа преку 3,6% од територијата на Србија и 21% од српското население (без населението на Косово), живее во градот. Претставува економски центар на Србија и главен град на српската култураобразование и наука.Важи за град кој изминатите години се издвои како посебна атракција за туристи, како за оние кои акцент ставаат на културата, музеите и архитектурата, така и за оние кои пред се сакаат да искусат квалитетен и поразличен провод. Белград е синоним за најдобар ноќен провод во овој дел од Европа. Богата понуда на ресторани, барови, кафичи, затворени клубови, сплавови и од скоро актуелните градски кафани кои се печат за овој град.

БЕЛГРАД

КОнтакт

За резервации и информации побарајте не!

info@dreamholidays.mk
+389 2 3150 008