4 ДНЕВНА ПРОГРАМА

Код на патување:

КРУШЕВО

3 ноќи / 4 дена

1 Ден. 09.10.2020 (петок) СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – СТОБИ – ПРИЛЕП – КРУШЕВО

Поаѓање од Скопје во утринските часови кон Крушево. Попатна посета на Велес, град со богата историја, голем придонес во Втората Светска Војна, но и дом на голем број на литературни и научни дејци. Организирана посета на Костурницата, спомен обележје на паднатите борци од ВСВ, и Меморијалниот дом на Кочо Рацин. Патот продолжува долж течението на реката Вардар се до археолошкиот локалитет Стоби, најголем од овој тип во Македонија. Организиран посета на истиот и разглед со локален кустос. Пред пристигнувањето во Крушево посета на градот под Марковите Кули, Прилеп. Пристигнување на главниот плоштад кој го носи името на првиот председател на СР Македонија и прошетка по старата турска џаршија. Прилеп преставува и главен град на тутунот во Македонија поради што во него се наоѓа и единсвениот музеј на тутунот (во зависност од времето можност за организирана посета на истиот). Доцна попладне пристигнување во Крушево. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

2 Ден 10.10.2020 (сабота) КРУШЕВО

Појадок. По појадокот се заминува кон центарот на највисокиот град на балканскиот полуостров каде придружувани од локален туристички водич ќе се посетат Алеата на Великаните, каде се наоѓаат вечните домови на Тоше Проески и Питу Гули, споменикот Македониум  посветен на Илинденското востание и Крушевската Република, како и Меморијалниот музеј на Тоше Проески. Слободно време низ центарот на градот за индивидуални прошетки.  Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне. Вечера. Ноќевање.  

3 Ден 11.10.2020 (недела) КРУШЕВО – МЕЧКИН КАМЕН – КРУШЕВО

Појадок. По појадокот заминување во посета на локалитетот Мечкин Камен, каде се наоѓа споменикот на Питу Гули и местото каде се одвивала последната битка од Илинденското Востание

која го означила и крајот на Крушевската Република. Одлична можност за подетално запознавање со значението на востанието и самата битка низ разкажувањата на локалниот водич и уживање во локалната природа. Враќање во хотел. Ручек. Попладнето можност за посета на манастирот Свето Препрежение. Вечера. Ноќевање.

4 Ден 12.10.2020 (понеделник) КРУШЕВО – БИТОЛА – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Ручек. По ручекот напуштање на хотелот и заминување кон Битола. Пристигнување во градот на конзулите и организирана прошетка низ Широк Сокак каде преку раскажувањата на локалниот водич може да се долови богатото минато на овој град во периодот на Отоманската Империја. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА: 6150,00 денари

Во цената на аранжнанот се вклучени следните услуги:

  • Превоз на дадената релација со високотуристички автобус;
  • Сместување во хотел Монтана 4* Крушево на база 3 полу пансиони;
  • Посети предвидени со програмата: Велес, Стоби, Прилеп, Крушево, Мечкин Камен, Битола
  • Лиценциран пратител – водич во текот на патувањето;
  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжнанот не се вклучени следните услуги:

  • Влезници во локалитетите предвидени за посета

ХОТЕЛ МОНТАНА 4*

КОнтакт

За резервации и информации побарајте не!

info@dreamholidays.mk
+389 2 3150 008