КУШАДAСИ – ПАКЕТ АРАНЖМАН

Код на патување: 

ПАКЕТ АРАНЖМАН

7 B/B или7 H/B со вклучен автобуски превоз, посета на Ефес и Троја

Термини:
21.08.-30.08.2020; 28.08.-06.09.2020; 04.09.-13.09.2020

Хотел Dabaklar 4* Кушадаси www.dabaklarhotel.com

Хотелот Dabaklar 4* е лоциран во центарот на Кушадаси, на само 250 метри од градската плажа, а 25 метри од автобуска станица. Располага со вкупно 81 соба, секоја опремена со спит клима ( топло и ладно ) ТВ, минибар, балкон, сеф, фен, телефон, када. Сите соби се со поглед на градот. Ефес ресторанот во склоп на хотелот располага со 200 места, додека на базенот се наоѓа Ефес Витамин барот. Покрај ова хотелот располага и со кафебар, турска бања, сауна, отворен базен со џакузи, фитнес центар.

Програма на патување:

1 ден. Скопје – Р.Бугарија – Р.Турција

Состанок на групата во 11:30 часот на парконгот кај Holiday inn – Скопје и поаѓање во 12:00 часот за Кушадаси, Р. Турција. Се патува преку Р.Бугарија. Дневно и ноќно патување со попатни одмори и застанувања за гранични формалности.

2 ден. Чанаккале – Ефес – Кушасадаси

 Во утринските часови пристигнување во археолошкиот локалитет Ефес, еден од најстарите антички градови на Медитеранот, изграден уште во 10от век П.Н.Е. Можност за посета и разгледување на истиот со туристички водич. По посетата на Ефес се продолжува кон Кушадаси, оддалечен 26 километри од археолошкиот локалитет. На 9 километри од Ефес се наоѓа куќата на Дева Марија во Селџук, каде што Богородица ги живеела последните  години од својот земски живот и каде го поминала остатокот од животот по распнувањето на Исус Христос, која исто така ќе ја посетиме. Сместување во хотелот по 14:00 часот по локално време.

3 ден – 8 ден. Кушадаси – Памуккале – Соке

Денови за одмор во хотелот и околните плажи на Кушадаси. Можност за целодневна посета на Памуккале и полудневен излет до Соке.

9 ден. Троја – Чанаккале По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Македонија со попатна посета на  археолошкиот локалитет Троја – (антички град познат од митот за Илијада. Долговремена населба откриена во девет слоеви близу северозападниот брег на Мала Азија. Тука се пронајдени богати археолошки наоди, особено во Троја VI, која се смета за град на кралот Пријам, против кого Грците ја воделе прочуената Тројанска војна). Посета на центарот на градот каде се наоѓа статуата Тројански коњ од истоимениот филм поклон на градот од актерот Бред Пит. Патот продолжува кон Скопје преку Р.Бугарија со попатни паузи.

10 ден. Р.Бугарија – Скопје

Пристигнување во Скопје во утринските часови

Hotel Dabaklar 4*
Kusadasi

22.08.2020 –
29.08.2020

29.08.2020 –
05.09.2020

05.09.2020 –
12.09.2020

7 ноќевања
со појадок

11,990.00
денари

11,990.00
денари

11,990.00
денари

7 H/B
(појадок и вечера)

13,990.00
денари

13,990.00
денари

13,990.00
денари

       
  • Цените се дадени за лице за пакет аранжман 7 B/B – H/B во двокреветни и трокреветни соби со вклучен превоз и туристичка такса
  • Дете до  6 години плаќа само автобуски билет 80 евра; од 6 – 12 години 25% попуст од аранжманот;
  • Во цената е вклучен траектот на  Чанаккале
  • Во цената на аранжманот не се пресматани влезниците за културно-историските локалитети предвидени со програмата ( Ефес и Троја )
  • Факултативен целодневен излет до Памуккале со вклучена влезница и ручек – 40 евра
  • Факултативен полудневен излет до Соке – 10 евра
  • Патничко и здравствено осигурување – 300 денари

НАПОМЕНА: Термини на траење на аранжманот: 21.08.-30.08.2020  28.08.-06.09.2020 04.09.-13.09.2020

Пасошите треба да имаат важност минимум 120 дена од денот на враќање.

Минимум број на патници за реализација на аранжманот е 30

Предлог факултативни излети за времетраење на престојот во Кушадаси:

5 ден. Целодневен факултативен излет до Памуккале. ПАМУКККАЛЕ ( 188km од Кушадаси). Памуккале „памучно кале“, е природно место, ,,чудо”  што го создала природата во покраината Денизли во југозападниот дел на Турција. Местото содржи топли извори и травертини – тераси од карбонатни минерали направени од проточната вода. Единствена планина од ваков вид во светот. Во оваа област, постојат 17 топли извори на вода, кај кои температурата се движи од 35 °C до 100 °C. Водата што излегува од изворот се пренесува 320 метри до врвот на терасите и се наталожува калциум карбонат на дел од 60 до 70 метри, којшто покрива површина од 240 метри до 300 метри. Кога водата презаситена со калциум карбонат ја допира површината, јаглерод диоксидот се ослободува и калциум карбонатот се таложи. Таложењето продолжува сè додека јаглерод диоксидот во водата се изедначи со јаглерод диоксидот во воздухот. Водата го таложи калциум карбонатот како меко желе, но тоа на крајот се стврднува како травертина. Забрането е носење на чевли во водата за да се заштитат минералните наслаги.

Посета и уживање на памук тврдината – феномен на природата со травертин седиментација, варовник и калциум, како и термална вода на температура од 37 ° C. Ручек. По посетата враќање во Кушадаси доцна попладне. Попатно посета на фабрика за текстил и фабрика за  изработка на предмети од Жад.

7 ден. Полудневен излет до градот Соке, оддалечен 22 километри од Кушадаси, некогаш познат антички град, а денес еден од најголемите производни центри за текстил и облека. Можност да се посетат некои од многубројните фабрики кои произведуваат за најпознатите брендови во светот, а истите производи можат да се купат по знацително ниски цени во многубројните оутлет центри во Соке.

КУШАДАСИ

Кушадаси  е приморски град во Турција и многу популарно летувалиште на брегот на Егејско Море. Некогаш мала рибарска населба, денес центар на туристи од Велика Британија,  Ирска, земјите на Бенелукс и поранешна Југославија. Според пописот од 1995 година, градот брои 50.000 жители, а денес населението изнесува 70.000, додека пак во текот на летната сезона во Кушадаси има до милион туристи. Во минатото бил познат како НеаполисНов Ефес и Scala Nuova. Во античко време, на местото на денешен Кушадаси, се наоѓал античкиот град Неаполис, кој бил под управа на тогашниот најсилен град во Средоземјето, Ефес. Во непосредна близина на Неаполис, се наоѓале градовите Маратезион и Пигала, кои наводно ги основаа болните војници на кралот Агамемнон во текот на Тројанската војна. Со самото слабеење на Ефес, почнува и мрачното и крваво време за Неаполис кое трае сè до средниот век. До 15. век градот (Scala Nuova) бил под управа на трговците од Венеција и Џенова. Во 1413 година Турците, предводени од султанот Мехмет Челебија, го освојуваат и ограбуваат градот, кој оттогаш е под власт на Турција.

Современото име градот го добива по полуостровот на излезот од центарот на градот (Остров на гулабите – (Güvercin Adası), кој пред спојувањето со брегот бил остров. Името, всушност е кованица од два збора – птица (kuş) и остров (ada).

Споменатиот полуостров доминира со погледот, ако се кон Кушадаси приоѓа од страна на морето, или ако се прелетува со авион. На полуостровот се наоѓа тврдина, светилник и мала зоолошка градина.

24 километри јужно од Кушадаси се наоѓа национален парк, од кој се пружи поглед кон соседна Грција и островот Самос. Во околината на Кушадаси се и античките градови Ефес (19 км), Дидим, Пријена и Милет.

Административно, општината и градот Кушадаси, припаѓаат на вилаетот Ајдин, од чиј центар Кушадаси е оддалечен 65 км. Иако развиено летувалиште градот нема сопствен аеродром, туку се користи аеродромот „Аднан Мендерес“ во Измир и „Милас-Бодрум“ во Милас, кои се оддалечени 85 км, односно 120 км. Градот поседува марина (мало пристаниште) и пристаниште за прекуокеански бродови, кои се секојдневни гости на Кушадаси.

Според проценки, Кушадаси има околу 1.000 хотели, пансиони и апартмани од сите категории. Еден од најстарите хотели во градот е „Имбат“, изграден во 1975 година кој се наоѓа на Женската плажа (Kadınlar Denizi), а може да се види и од центарот на градот.

Кушадаси може да се пофали со голем број на убави плажи, од кои еден дел се за јавна употреба

ЕФЕС

Ефес е познат антички град во Римското Царство, кој бил всушност и еден од најголемите градови во Римското Царство со околу 400 – 500 илјади жители во периодот од околу 100 година од н.е. Бил сместен на западниот дел на Мала Азија, близу Егејското Море. Бил многу просперитетен како економски и пристанишен центар.

Имал многу споменици, театри и храмови. Најпознат бил храмот на Артемида (Дијана),божица на ловот, кој имал 127 мермерни столбови високи по 18 метри и бил еден од седумте антички светски чуда. Во овој град биле обожувани и седумнаесет други богови и божици во исто време. Градот бил познат и по многуте пагански религии, вклучувајки го тука и култот на императорот, мистичните култови, окултизмот и елинизираниот јудаизам. Ефес исто така бил и меѓународен туристички центар, толку профитабилен што неговите водачи ја отвориле првата светска банка во овој град.

Овој град претставувал живеалиште на неколку христијански водачи: Тимотеј, Ераст, Онисифор, а бил и често престојувалиште на апостолите Павле и Јован. Апостол Павле пратил писмо до христијаните во Ефес (чија црква била создадена во времето на апостолите), коешто е дел од Библијата, од Новиот Завет. Христијанската црква во Ефес била една од седумте цркви до кои апостол Јован го испратил Откровението кое го напишал некаде околу 90-тите години од н.е. На само 9 километри од античкиот град Ефес денес е лоциран градот Селџук, каде се наоѓа и куќата на Пресвета Богородица. Се верува дека таа живеела во неа, во времето на прогоните од Ерусалим. Во истиот период, тука престојувал и светиот апосотол Јован Богослов, а во блискиот Селџук покрај остатоците на некогашната христијанска базилика, се наоѓа и неговиот гроб. Поклонение на гробот на христовиот апостол и краток одмор. Познато е дека во некогашен Ефес бил и светиот апостол Павле кој го хриситијанизирал, како и Марија Магдалена која тука и се упокоила. Нејзините посмртни останки, подоцна се пренесени во Франција и во Рим.

ПАМУККАЛЕ

Памуккале „памучно кале“, е природно место што го создала природата во покраината Денизли во југозападниот дел на Турција. Местото содржи топли извори и травертини-тераси од карбонатни минерали направени од проточната вода. Се наоѓа во внатрешниот дел на Турција на Егејско Море, покрај долината на реката Мендерес, која има умерена клима во поголемиот дел од годината.

Античкиот грчко-римски и византиски град Јерапол бил изграден на врвот на белиот „замок“ ,кој е долг вкупно околу 2.700 метри, 600 метри широк и 160 метри висок. Може да се види од ридовите на спротивната страна во долината на градот Денизли, кој е оддалечен 20 километри.

Туризмот бил и сè уште е главна индустрија. Луѓето се капеле во базените илјадници години. До средината на XX век, се граделе хотели врз урнатините на Јерапол кои предизвикале значителна штета. Приклучниот пат се градел од долината кон терасите и на моторните велосипеди им било дозволено да се движат нагоре и надолу по падините. Кога областа ја прогласиле за Светско наследство на УНЕСКО, хотелите ги уништиле и патот го отстраниле и замениле со вештачки базени. Забрането е носење на чевли во водата за да се заштитат минералните наслаги.

Терасите на Памуккале се направени од травертина, седиментни карпи кои се наталожуваат од водата од топлите извори. Во оваа област, постојат 17 топли извори на вода, кај кои температурата се движи од 35 °C до 100 °C. Водата што излегува од изворот се пренесува 320 метри до врвот на терасите и се наталожува калциум карбонат на дел од 60 до 70 метри долг, којшто покрива површина од 240 метри до 300 метри. Кога водата која е презаситена со калциум карбонат ја допира површината, јаглерод диоксидот се ослободува и калциум карбонатот се таложи. Таложењето продолжува сè додека јаглерод диоксидот во водата се изедначи со јаглерод диоксидот во воздухот. Водата го таложи калциум карбонатот како меко желе, но тоа на крајот се стврднува како травертина.

ТРОЈА

Тroja е град во Мала Азија, познат и како Илиом, познат како сцена на прочуената Тројанска војна, опеана во Илијада на Хомер. Троја била долговремена населба сокриена во девет слоеви близу северозападниот брег на Мала Азија. Од предисториското (3000 г. п.н.е.) до римското време (II век од н.е.), Троја господарела со влезот на Дарданелите. Потпирајќи се на хомеровите спевови “Илијада” и “Одисеја”, овој град го открил Хајнрих Шлиман во 1868 година, на брегот Хисарлик. Пронајдени се богати археолошки наоди, особено во Троја VI која се смета за град на кралот Пријам, против кого Ахајците ја воделе прочуената Тројанска војна. Археолошкиот материјал се чува во музејот во Берлин.

Тројанскиот коњ претставува дел од митот за Тројанската војна.

Според легендата, грчките војски ја опседнале Троја во продолжение на десет години, и никако не пронаоѓале начин како да ја заземат. Најпосле до израз дошла идејата на мудриот Одисеј. Делото било изработено од страна на Епеј, а идејата била на мудриот Одисеј, кој пак ја послушал на божицата Атена. Најсилните херои се засолниле во коњот, додека пак останатата армија се повлекла навидум од брегот. Во меѓувреме, грчкиот шпион Синон успеал да ги убеди на Тројанците дела коњот е дар од боговите, и покрај предупредувањето кое било дадено од страна на Лаокон и Касандра. Така, Тројанците гигантскиот коњ го внесле зад градските ѕидини. Цела вечер Тројанците ја празнувале големата и долгогодишна победа над Грците. Но, вечерта кога сите спиеле, скриените војници ги отвориле портите на градот. По ова следувало целосно уништување на Троја, секој маж или момче биле убиени, секоја жена била заробена.

Денеска, на местото каде некогаш се наоѓала Троја, блиску до Дарданелите во денешна Турција, во 1955 година бил изграден музеј во кој се чуваат реликти од градот, а во градината на самиот музеј има изложено дрвен коњ, кој го претставува легендарниот тројански коњ.

КОнтакт

За резервации и информации побарајте не!

info@dreamholidays.mk
+389 2 3150 008