Грачаница, Дечане, Печка патријаршија

Код на патување:

Манастирите на Косово и Метохија
Еднодневна тура
Грачаница – Високи Дечани – Печка Патријаршија

08.12.2020 Вторник .КУМАНОВО- СКОПЈЕ – ГРАЧАНИЦА  – ВИСОКИ ДЕЧАНИ – ПЕЧКА ПАТРИЈАРШИЈА – СКОПЈЕ-КУМАНОВО

Состанок на групата во 03:00 часот пред спортската сала во Куманово, поаѓање за Скопје во 03:30 часот,пристигнување во Скопје ,состанок на група на договорено место во 04:00 часот, поаѓање за Косово во 04:30 часот. По граничните и царински формаслности со кратки паузи пристигнување во утринските часови во  Грачаница. Грачаница преставува седиште на една од неколкуте српски енклави на Косово, со околу 12 илјади жители, а познато по истоимениот манастир посветен на Пресвета Богородица, изграден по заслуга на кралот Милутин  во 14от век. Манастирот припаѓа на Рашко-Призренската епархија и преставува неподвижно културно добро како споменик на културата од непроценливо значење. По разгледувањето на манастирот и објаснувањата на локалниот кустос патот продолжува кон северно-западниот дел на Косово, кон градот Печ. Пред посетата на Печ, продолжуваме кон областа Дечан, каде е лоциран еден од најубавите манастирски комлекси на Косово, манастирот Високи Дечани. Манастирот кој е изграден во првата половина на 13от век се наоѓа во долина поред која тече реката Дечанска Бистрица која го надополнува и онака преубавиот амбиент околу манастирот. Изграден е од страна на кралот Стефан Дечански и царот Душан а по иницијатива на Св.Сава. Денес во Високи Дечани се наоѓаат моштите на кралот Стефан Дечански и Света Јелена Дечанска. По разгледот на манастирот се упатуваме кон Печ со цел да ја посетиме Печката Патријаршија, седиште на Српската Православна Црква во периодот од 14от до 15от, и од 16от до 18от век. Интерес е фактот дека во периодот на 15от век Печката Патријаршија подпаднала под јуриздикција на Охридска Архиепископија. По раздледувањето на истата заминување за Македонија. Пристигнување во Скопје и Куманово во доцните вечерните часови.

Регуларна цена: 1250,00 денари

ПРОМОТИВНА ЦЕНА СО ПОПУСТ ОД-40% – 750 денари

Во цената на аранжнанот се вклучени следните услуги:

  • Превоз на дадената релација со високотуристички автобус;
  • Посети предвидени со програмата: Грачаница, Високи Дечани, Печка Патријаршија;
  • Лиценциран пратител – водич во текот на патувањето;
  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжнанот не се вклучени следните услуги:

  • Влезници во локалитетите предвидени за посета
  • Патничко и здравствено осигурување за времетраење на патувањето – 150 денари

НАПОМЕНА:

-За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

Манастирите на Косово и Метохија

КОнтакт

За резервации и информации побарајте не!

info@dreamholidays.mk
+389 2 3150 008