Манастирите на Косово и Метохија

-Дводневна програма-

Код на патување:

Манастирите на Косово и Метохија
Дводневна тура
Грачаница – Високи Дечани – Печка Патријаршија

1. Ден сабота . СКОПЈЕ – ГРАЧАНИЦА  – ПРИШТИНА

Состанок на групата во 04:30 часот на договореното место и поаѓање за Косово во 05:00 часот. По граничните и царински формалности со кратки паузи пристигнување во утринските часови во  Грачаница. Грачаница преставува седиште на една од неколкуте српски енклави на Косово, со околу 12 илјади жители, а познато по истоимениот манастир посветен на Пресвета Богородица, изграден по заслуга на кралот Милутин  во 14от век. Манастирот припаќа на Рашко-Призренската епархија и преставува неподвижно културно добро како споменик на културата од непроценливо значење. По разгледувањето на манастирот и објаснувањата на локалниот кустос се продолжува кон главниот град на Косово, Приштина, оддалечен 8 километри од Грачаница. Пристигнување во Приштина и сместување во хотел. По краткиот одмор, организирана прошетка низ центарот на градот со можност да се видат зградата на Владата, Споменикот Братство Единство, Катедралата Мајка Тереза… Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови организирана посета на шопинг центарот АЛБИ мол.   Враќање во хотел. Ноќевање.

 

2. Ден недела  ПРИШТИНА – ВИСОКИ ДЕЧАНИ – ПЕЧКА ПАТРИЈАРШИЈА – СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување кон северно-западниот дел на Косово, кон градот Печ. Пред посетата на Печ, продолжуваме кон областа Дечан, каде е лоциран еден од најубавите манастирски комлекси на Косово, манастирот Високи Дечани. Манастирот кој е изграден во првата половина на 13от век се наоѓа во долина поред која тече реката Дечанска Бистрица која го надополнува и онака преубавиот амбиент околу манастирот. Изграден е од страна на кралот Стефан Дечански и царот Душан а по иницијатива на Св.Сава. Денес во Високи Дечани се наоѓаат моштите на кралот Стефан Дечански и Света Јелена Дечанска. По разгледот на манастирот и литургијата на која постои можност да се присуствува во утринските часови ( во зависност од времето) , се упатуваме кон Печ со цел да ја посетиме Печката Патријаршија, седиште на Српската Православна Црква во периодот од 14от до 15от и од 16от до 18от век. Интересен е фактот дека во периодот на 15от век Печката Патријаршија подпаднала под јуриздикција на Охридска Архиепископија. По раздледувањето на истата заминување за Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА: 2890,00 денари

Во цената на аранжнанот се вклучени следните услуги:

  • Превоз на дадената релација со високотуристички автобус;
  • 1 ноќевање со појадок во хотел 3* во Приштина;
  • Посети предвидени со програмата: Грачаница, Високи Дечани, Печка Патријаршија;
  • Организирана прошетка низ Приштина;
  • Организирана посета на шопинг молот АЛБИ во Приштина;
  • Лиценциран пратител – водич во текот на патувањето;
  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжнанот не се вклучени следните услуги:

  • Влезници во локалитетите предвидени за посета
  • Патничко и здравствено осигурување за времетраење на патувањето – 150 денари

Манастирите на Косово и Метохија

КОнтакт

За резервации и информации побарајте не!

info@dreamholidays.mk
+389 2 3150 008