Г-дин Мартин Теов
Член на управен одбор

 
  •   Дипломиран
    – 2002 година
 
  •   Датум и место на раѓање
    – 24 Мај 1976 година во Скопје

Мартин Теов ја гради својата кариера во продажба веднаш по дипломирањето, почнувајќи од 2002 година како брокер за недвижности.
Од 2002 до 2005 година во своето прво работно искуство работи како брокер за недвижности, работејќи исклучиво со ексклузивни имоти и клиенти, застапувајќи ги повеќето од амбасадите, конзуларните претставништва и големите интернационални компании
во р. Македонија.

Од 2005-2007 продолжува со работа во унгарската компанија за финансиски побарувања
“Кредитекспрес Македонија” во тоа време “Startup” компанија во која работи како главен супервизор
на тимот за наплата и “telesales”.

Ги поставува основите на компанијата во поглед на процедурите за наплата и продажба.
“Мellon Solutions” е следната одскочна даска во која стекнува богато искуство во водење на тим од преку 30 агенти за “telesales” и “retail” продажба претежно на банкарски производи.
Од 2008-2012 продолжува со работа на позиција B2B менаџер и асистент за продажба во најголемата компанија во Македонија за наплата на финансиски побарувања ЕОС Матрикс. Основоположник и првенец во B2B наплатата и грижа за клиентите во компанијата и државата и почеток на “Cross border” наплата на македонските компании во странство и странските компании во Македонија.

Од 2012 работи на позицијата Менаџер за продажба на надворешните мрежи во Винер Лајф ВИГ. Одговорен за обука, поддршка, директна продажба на сите надворешни мрежи, меѓу кои сестринските компании: Винер ВИГ, Осигурување Македонија ВИГ, вклучувајќи ги застапничките агенции Тренд МР и Актива осигурување, Шпаркасе Банка, Сафе Инвест, ВФП АД и сите други брокерски и застапнички куќи. Одговорен за успешниот развој на продажните мрежи во сегментот на животното осигурување.

Ул. 11 Октомври бр.25 КАТ/8, 1000 Скопје Република Македонија

Понеделник – Четврток 8.30-17.30
Петок 8.30-14.30

+389 2 3114 333

Со квалитетните и конкурентни производи, Винер Лајф на своите клиенти им овозможува финансиска сигурност. Конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантираат целосна безбедност на инвестираните средства.

КАРИЕРА

WINNER LIFE Осигурување секогаш има потреба од млади и амбициозни личности што сакаат да изградат успешна кариера.

ЧЛЕН НА ГРУПАЦИЈАТА

Copyright 2020, Winner life