Нова Година – Истанбул 
3 Ноќевања со појадок

Код на патување:

НОВА ГОДИНА
Истанбул

ИСТАНБУЛ – НОВОГОДИШНА ПРИКАЗНА ОД ОРИЕНТОТ

1 ДЕН 30.12.2020 (среда) СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

           Состанок на групата во 14:00 часот. Поаѓање во 14:30 часот. Ноќно возење преку Р.Бугарија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

2 ДЕН 31.12.2020 (четврток) ИСТАНБУЛ

           Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот со локален водич: Аја Софија, Сината џамија, Топ Капи, Аксарај, Лалели џамија, Бејазитова џамија, Универзитетот, Римскиот аквадут, Златниот рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на Бешикташ, Галата кулата, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Сулејманија, Фатих џамија… Сместување во хотел Grand S 4*. Слободно време за одмор. Во вечерните часови, организиран дочек на новата година во хотелот, незаборано доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна и неограничени пијачки. Ноќевање.

 

3 ДЕН 01.01.2021 (петок)  ТОП КАПИ – ДОЛМА БАХЧЕ – КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР УСКУДАР

           Појадок. По појадокот факултативна посета и разглед на Топ Капи која содржи музејска збирка со непроценливо богатство, со вклучена влезница и водич. Факултативна посета на Долма Бахче сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан (со вклучена влезница и водич), и крстарење по Босфор, панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот и пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија. Враќање во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта можност за факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар – Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13,5 км за 4 минути, 60метри под нивото на водите на Босфор..Европа-Азија), кадешто ќе се види Девствената кула и Михрима Султан џамијата. Враќање во хотел. Ноќевање.

 4 ДЕН 02.01.2021 (сабота)  ЦАРИГРАДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА – ТАКСИМ – САФИР СЕЈИР ТЕРАСА

      Појадок. По појадокот заминување во организирана посета на Цариградската Патријаршија, која датира уште од разделбата на Римското царство во 4от век. По Царградската патријаршија следи прошетка во центарот на модерен Истанбул – плоштадот Таксим и пешачката улица Istikal. По посетата  можност за факултативна посета Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа висока (238м), од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку  4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата Мостот, Девствената Кула… Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ДЕН 03.01.2021(недела)

      Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и посета на познатиот шопинг центар Форум каде се наоѓа големиот Аквариум. Поаѓање за Скопје во пладневните часови.

6 ДЕН 04.01.2021(понеделник) СКОПЈЕ

        Пристигнување во Скопје во утринските часови.

                              ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 10390,00 ДЕНАРИ

 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на дадената релација со модерен, високотуристички автобус;
  • Сместување во хотел Grand S 4* http://grand-s-hotel.hotel-istanbul.net/en
    на база 3 ноќевања со појадок;
  • Користење на базанот во хотелот;
  • Организиран разглед на Истанбул со локален туристички водич;
  • Посета на Аја Софија;
  • Дочек на Нова Година во хотелот со мени и неограничени пијачки;
  • Посета на плоштадот Таксим и пешачката улица Istikal;
  • Посета на Цариградската Патријаршија;
  • Лиценциран туристички пратител за времетраење на аранжманот;
  • Организација и реализација на аранжманот.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Посета на Топ Капи со вклучена влезница – 15 евра;
  • Посета на Азискиот дел – Ускудар – Белербеј, под подводниот тунел – 10 евра;
  • Посета на Долма Бахче Сарај (вклучена влезница и водич) и крстарење со брод по Босфор (со локален водич) – 40 евра;
  • Посета на Sapphire Seyir Terasi – 15 евра;
  • Патничко и здрвствено осигурување 300 денари;

    НАПОМЕНА:

    -За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 патници.

    -Се патува преку Р.Бугарија и не е потребен ПЦР тест

ХОТЕЛ GRAND S 4*

КОнтакт

За резервации и информации побарајте не!

info@dreamholidays.mk
+389 2 3150 008