4 ДНЕВНА ПРОГРАМА

Код на патување:

ОХРИД 23 ти Октомври

3 ноќи / 4 дена

1 ден: 22.10.2020 (четврток) Скопје – Маврово – Св.Јован Бигорски – Вевчани – Охрид

Патувањето започнува од Скопје кон Охрид преку западниот дел на Р.Македонија – еден од најживописните региони во земјата. Целодневниот трансфер од Скопје до Охрид вклучува посета на најголемиот национален парк Маврово и Мавровското езеро, како и посета на Реканскиот регион кој изобилува со природно богатство, но и со илјадници приказни кои ја прераскажуваат богатата историја на овој крај. Попатна посета на манастирот Св.Јован Бигорски кој е еден од највечатливите и најбогатите верски објекти во Р.Македонија. Манастирот Свети Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас. Покрај иконостасот, манастирот е познат и по иконата на Св. Јован Крстител за која се верува дека има чудотворна моќ. Патувањето продолжува кон  селото Вевчани. . Иако е општина со најмал број на жители сепак има и свој пасош. На сред село ќе Ве пречекаат љубезните жители на Вевчани, кои со душа чекаат посетители за да ги раскажат легендарните приказни врзани за ова место. Освен што е препознатливо по традиционалниот карневал кој секоја година се одржува на Василица 13ти и 14ти јануари, Вевчани изобилува со неверојатна природна убавина, а вистинска атракција се Вевчанските извори. За да стигнете до изворите потребни ви се 10-тина минути од центарот на селото нагоре, следете ги ознаките и уживајте во старите уникатни селски куќи кои пленат со својата топлина. Во пределот кај изворите направена е посебна пешачка патека, можете да најдете и дрвени клупи и масички. Уживајте во зеленилото и звукот на водата. Доцна попладне сместување во хотел во Охрид. Ноќевање.

2 ден: 23.10.2020 (петок) Охрид

Појадок. По појадокот следи разглед на градот кој е познат како Балкански Ерусалим со стручен локален водич започнувајќи со прошетка низ старата охридска чаршија, Алипашината џамија, стариот дел на градот со црквата Св.Софија, Античкиот амфитеатар, локалитетите Долна и Горна порта, Самоиловата тврдина, археолошкиот локалитет Плаошник како и црквата Св.Јован Канео. Можност за враќање на главниот плоштад во традиционални рибарски чамци. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот и шопинг на познатите охридски бисери. Можност за ручек во локалните ресторани каде може да се вкусат преубавите традиционални охридски специјалитети: пастрмка, јагула, ѓомлезе… Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден: 24.10.2020 (сабота) Охрид – Св.Наум

Појадок. По појадок се упатуваме кон манастирскиот комплекс Св.Наум. Едночасовното возење нуди можност за подобро запознавање со природата која го опкружува Охридското езеро како и неговото значење за Охрид и Македонија. Разглед на манастирскиот комплекс и изворите на реката Црн Дрим. Св. Наум — манастир изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на неговата најјужна точка, во една месност со ретка природна убавина. Можност за ручек и дегустација на локалните специјалитети во ресторанот кој се наоѓа во манастирскиот комплекс во Св.Наум. Враќање во Охрид.  Ноќевање.

5 ден: 25.10.2020 (недела) Охрид – Скопје

Појадок. По појадокот поаѓање кон Скопје преку Кичево. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 ЦЕНА: 3900,00 денари

Во цената на аранжнанот се вклучени следните услуги:

  • Превоз на дадената релација со високотуристички автобус;
  • Сместување во хотел Фламенго 4* – Охрид на база 3 ноќевања со појадок;
  • Посети предвидени со програмата: Маврово, Св.Јован Бигорски, Дебар, Охрид, Св.Наум, Струга,
  • Лиценциран пратител – водич во текот на патувањето;
  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжнанот не се вклучени следните услуги:

  • Влезници во локалитетите предвидени за посета

ХОТЕЛ ФЛАМЕНГО 4*

КОнтакт

За резервации и информации побарајте не!

info@dreamholidays.mk
+389 2 3150 008