КОСОВО – ЦРНА ГОРА – АЛБАНИЈА

Од
  • Превоз со модерен високо туристички автобус на дадената релација;
  • 1 ноќевање со појадок во хотел 3*  во Подгорица;
  • 1 ноќевање со појадок во хотел 3* во Будва;
  • Посета на манастирите во Грачаница и Дечане;
  • Разглед на Подгорица, Цетиње, Негуши и Котор со локален туристички водич;
  • Организирани прошетки на Будва и Скадар;
  • Туристички придружник за времетраење на аранжманот;
  • Организација и реализација на аранжманот.

Детали за понуда

Ман. Грачаница – Ман. Дечане – Подгорица – Његуши – Котор – Будва – Скадар

 

  1. Ден. Скопје – Грачаница – Дечане – Подгорица

Состанок на групата во 05:30 часот и заминување за Косово во 06:00 часот. Патот води преку граничен премин Блаце. Пристигнување во  Грачаница во утринските часови и посета на манастирот изграден од цар Милутин во 14от век. Патот продолжува кон  Црна Гора со попатна посета на манастирот во Дечани, познат под името Високи Дечани (30м висок) и под заштита на УНЕСКО. Преку граничниот премин Кула и единствениот кањон на Морача се продолжува кон Подгорица. Пристигнување во Подгорица и сместување во хотел. Вечерта слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

  1. Ден. Подгорица – Цетиње – Његуши – Котор – Будва

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување на разглед на главниот град на Црна Гора со локален туристички водич: Саат кулата, плоштадот на Независноста, Градското собрание, Градскиот стадион, Московскиот и Милениумскиот мост. Околу пладне заминување за Цетиње – Кралското седиште на Црна Гора. Разглед на градот со локален туристички водич: Палатата на крал Никола, Цетинскиот манастир, Претседателската палата. Патот продолжува кон Котор со попатна посета на селото Његуши – родното место на крал Никола. Пауза за ручек. Пристигнување во Котор и разглед на градот со локален туристички водич: Катедралата Св.Трифун, црквата Св.Никола, плоштадот, Поморскиот Музеј, градските ѕидини. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување за Будва. Сместување во хотел. Вечерта можност за факултативна посета на национален ресторан во Будва. Ноќевање.

  1. Ден. Будва – Св.Стефан – Скадар – Скопје

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и организирана прошетка низ Стариот град во Будва. Околу пладне заминување за Скадар. Патот води по познатата јадранска магистрала од која се нуди поглед на Св.Стефан. Простигнување во Скадар. Организирана прошетка низ градот со можност да се видат црквата Св.Стефан, џамијата Ебу Бекер,  музејот на фотографијата, паркот…Во попладневните часови поаѓање за Скопје. Пристигнување во Скопје во донците вечерни часови.

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со модерен високо туристички автобус на дадената релација;
  • 1 ноќевање со појадок во хотел 3*  во Подгорица;
  • 1 ноќевање со појадок во хотел 3* во Будва;
  • Посета на манастирите во Грачаница и Дечане;
  • Разглед на Подгорица, Цетиње, Негуши и Котор со локален туристички водич;
  • Организирани прошетки на Будва и Скадар;
  • Туристички придружник за времетраење на аранжманот;
  • Организација и реализација на аранжманот.

Во ценатаа на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Посета на национален ресторан во Будва – 15 евра;
  • Патничко и здравствено осигуруваање 300денари;
  • Влезници за културно – историските споменици и локалитети.

Напомена:

  • За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

+Инфо

Термини и цени за оваа понуда:

Моментално нема отворени термини.
Резервирај