Сараево – 8 ми Март

Од 6990 ден
  • Превоз со модерен туристички автобус;
  • 2 ноќевања со појадок во хотел Libris 4* https://librishotel.com/ во Сараево;
  • Разглед на Сараево со локален водич;
  • Организирани посети на Мокра Гора, Вишеград и Мостар;
  • Организација и реализација на аранжманот.

Детали за понуда

МОКPА ГОРА – ВИШЕГРАД – САРАЕВО – МОСТАР

  1. Ден. 06.03.2020 Скопје – Мокра гора  – Вишеград – Сараево

Состанок на групата во 01:30 часот и заминување за Р.Босна и Херцеговина во 02:00часот. Се патува преку Р.Србија со попатни паузи. Во утринските часови пристигнување во Мокра Гора каде можат да се видат Дрвениот град на Емир Кустурица и Шарганската осмица (музеј железница). Патот продолжува кон Сараево со попатна посета на Вишеград, каде ќе се посети надалеку прочуениот мост на Дрина ремек делото на Мехмет Паша Соколовиќ… Пристигнување во Сараево во поладневните часови. Вечерта можност за прошетка по Баш чаршија – најголемата на Балканскиот полуостров. Ноќевање.

  1. Ден. 07.03.2020 Сараево

Појадок. По појадокот организиран разглед со локален водич на главниот град на БиХ, Сараево: Врело Босне, Грбавица, народниот театар, Градското собрание, Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот храм, Величествената Газихсербегова џамија, Катедралата… Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг низ Башчаршија. Враќање во хотел. Вечерта можност за организирана свечена вечера во национален ресторан со богато мени на специјалитети од босанската кујна и жива музика. Ноќевање.

  1.  Ден. 08.03.2020 Сараево – Мостар – Скопје

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Мостар. Попатна посета на мостот на Неретва – познат од II Светска војна по битката на Неретва. Пристигнување во пладневните часови во Мостар и разглед на градот кој е познат како “Прозорот кон Ориентот”: Стариот мост по којшто градот го добил своето име, Занаетчиската улица, Отоманските резиденции… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување за Скопје.

  1. Ден. 09.03.2020 Скопје

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

                                                   ЦЕНА: 6.990,00 денари

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со модерен туристички автобус;
  • 2 ноќевања со појадок во хотел Libris 4* https://librishotel.com/ во Сараево;
  • Разглед на Сараево со локален водич;
  • Организирани посети на Мокра Гора, Вишеград и Мостар;
  • Организација и реализација на аранжманот.

 

Во ценатаа на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Посета на национален ресторан воСараево – 25 евра;
  • Патничко и здравствено осигуруваање;
  • Влезници за културно – историските споменици и локалитети .

Напомена:

 

  • За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
  • За ова патување важат општите услови на Т.А. Дрим Холидејс

 

+Инфо

Термини и цени за оваа понуда:

Моментално нема отворени термини.
Резервирај