Магично но вистинито и незаборавно доживување на Кикладските острови Парос, Антипарос, Наксос, Делос , Миконос! – 8-ми Септември

ПАТУВАМЕ БЕЗБЕДНО И ОДГОВОРНО.

ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА ПОТРЕБН Е ВАКЦИНАЛЕН ДОКУМЕНТ. ИЛИ PCR-ТЕСТ,РАПИД ТЕСТ,АНТИГЕН ТЕСТ .

Опис на островот

Островот Парос се наоѓа во централниот дел на групата острови Киклади, на само  четири часа пловење со брод од Пиреја, северно од Санторини. Ова е остров со златни плажи, со бројни плантажи на лозови насади и маслинови дрва. Површината на островот е околу 186,5 км2 и должина на обалата околу 120 км2. Островот Парос низ историјата бил познат по каменоломи на мермер од кои се направени многубројни храмови. Како што велат и самите мештани на овој остров, спој од најубавото на Миконос и Санторини можете да го доживеете само на Парос. Рестораните и таверните на Парос се едни од најдобрите во Грција, како и златните песочни плажи и ноќниот живот на истиот. Едноставно со посетата на Парос добивате два острови по цена на еден, од причини што островот Антипарос е на 10 минути одалечен со брод каде ќе имаме можност за индивидуална посета на истиот. Главен град е Парикиа кој е изграден на остатоци од антички храм. Со бели мали куќички, тесни поплочени улици. Ова мало, мирно гратче во текот на летото е многу посетуван од туристи од целиот Свет. Исто така многу значајни места како цркви, музеи, и замоци се: црквата Catapoliani која е наречена црква со 100 врати, изградена во традиционален Византиски стил, археолошки музеи, Венецијански замок, Аsklepion, Dilio, долината на пеперутките, манастирот Logovardа, и посета на христијански древен манастир.

За љубители на грчката традиционална кујна, виното, забава и градби од единствен стил, препуштете се на уживање и придружете ни се нас во посета на овој островПрограма

  1. Ден : 07.09.2021 вторник , Скопје – Парос

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Ин во 16:00ч. Поаѓање на автобусот во 16:30ч, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) према Атина/Пиреа.

2 .Ден : 08.09.2021 среда,Парос

Пристигнување на пристаниште Пиреја во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод.

Поаѓање од пристаниште е во 07:25ч, и пловење за Парос.

Пристигнување на Парос во околу 12:00 часот на пладне. Трансфер од пристаниште до хотелот Silver Rocks кој се наоѓа во местото Неа Кристи Акти, во во близина на плажата New Golden Beach, на само стотина метри од плажа, каде што ќе бидеме сместени.

Време за одмор, и слободни активности. Во вечерните часови во договор со групата и нашиот водич посета/вечера во некоја од локалните таверни. Ноќевање.

  1. Ден : 09.09.2021четврток,Парос

Појадок. По појадокот, околу 10 часот со стручен локален водич се упатуваме на целодневна факултативна екскурзија и разглед на островот, запознавање со сите знаменитости, посета на сите цркви и замоци, посета на Парикиа која е главна општина на Парос и ќе биде наша прва дестинација, запознавање на археолошките музеи на Парос. Посета на пост византиската црква Catapoliani (црква со 100 врати), можност за прошетка по тесните улици на Парикиа, се до замокот Frankish и терасата на античкиот храм на божицата на мудроста Атина, каде што ќе имаме можност да направиме преубави фотографии. Истиот ден ќе имаме можност да се упатиме и да го посетиме заливот т.н. Науса, кое е мало рибарско пристаниште со традиционални рибарски бродови наречени каики кои создаваат уникатна глетка. Науса имало големо значење во историјата на овој остров, каде во 1770та година било главно пристаниште и седиште на руската флота. Во текот на

овој период Науса била трговски центар токму заради нејзиното значење и местоположба на заливот. Денеска ова гратче има околу 1200 жители и во текот на изминатите неколку години се изградени многу нови куќи, но сепак овој град го задржал својот изглед и шарм како што бил и предходно. Во овој град ќе имаме можност да посетиме многу остатоци од замоци кои датираат од 15тиот век, Византиски музеи во кои се наоѓаат бројни икони од 12тиот и 13тиот век, како и бројни археолошки наоѓалишта. На влезот во градот се наоѓа црквата Св.Атанасиј од 17тиот век.  Ќе имаме можност да ги посетиме најавтентичните села на Парос, а тоа се Марписа и Лефкес и можност и време за индивидуален ручек каде би можеле да ги вкусиме специјалитетите кои ги нудат на рибарското пристаниште Писо Ливади.  По посетата на Лефкес ќе имаме можност да го посетиме гратчето Дриос, кое што се наоѓа најјужно на островот, во кој што има остатоци од Византискиот период. Во вечерните часови, по завршувањето на целодневната екскурзија, враќање во хотел. Ноќевање.

  1. Ден : 10.09.2021 Петок-Парос,

Појадок. По појадокот околу 09 часот поаѓање на факултативна екскурзија, крстарење со традиционален луксузен брод каики, капење и скара на плажа. Во 09:30 заминување од Писо Ливади и се упатуваме со брод према заливот Агиос Костис кој се наоѓа на југ од островот Наксос. Тоа е живописен залив каде ќе имаме можност за разглед и капење во кристастално чистото море. Продолжуваме кон југ во пештерите на местото Катокоуфониси. Посета на уникатните пештери на Гларониси, кое е мало островче помеѓу Като и ПаноКоуфониси, овде се задржуваме и имаме можност за слободни водени дозивувања. Потоа се упатуваме на јужниот дел на КатоКоуфониси каде ќе имаме слободно време уживање, пливање и ручек (вклучува:месо на скара-суфлаки 350гр, грчка салата, цазики, росики салата, овошје и пијалоци-вода, вино, узо, пиво, кока кола). По капењето и ручекот се упатуваме према пристаништето на Коуфониси за да го видиме истото село одблизу, каде ќе ни биде и последна станица за сончање и водени доживувања во прекрасната пештера Рина која што се наоѓа на крајбрежјето на островот Наксос. Со ова завршува оваа факултативна екскурзија каде што имаме можност да го видиме јужното крајбрежје на островот Наксос.Околу 16:30 пловење за

Парос-Писо Ливади, околу 18:30 пристигнување на Парос и трансфер до хотел. Време за слободни активности. Ноќевање.

5.Ден : 11.09. 2021 сабота,Парос-Делос-Миконос-Парос

 Појадок. По појадокот со автобус  се упатуваме према пристаништето на Парос од каде со брод  ќе испловиме према островот Делос и Миконос. Со ова факултативно патување ќе имаме можност да го разгледаме живописниот Делос и да го посетиме монденскиот Миконос, каде ќе имаме 3 до 4 часа на располагање за разглед на истиот, како и правење преубави фотографии во Малата Италија, петте ветерници и црквата Парапотриани,време за слободни активности и посета на некој од монденските кафетерии и традиционални таверни. Во попладневните часови враќање према Парос, Трансфер до хотел, слободна вечер. Ноќевање.

6.Ден 12.09.2021 недела,Парос

Појадок.  Ден за слободни активности, плажа.(Препорака,во договор со групата можна факултативна екскурзија до островот Антипарос каде ќе имаме можност да ги доживееме убавините и на овој остров и преубавите песочни златни плажи, со попатно застанување на крајбрежјето на селото Агиос Георгиос каде ќе имаме  организиран ручек на плажата PANAGIA DESPOTIKO, потоа  посета на вулканската морска пештера која крие многу тајни за овој регион Епитаф која се наоѓа во Мастихари. Оваа екскурзија трае се до 17 часот и чини 60 евра.)

Ноќевање.

7.Ден 13.09.2021 понеделник,Парос-Пиреа-Скопје

Појадок. Време за слободни активности, плажа се до 12:00 часот по локално време кога ќе ги напуштиме собите. Слободно попладне се до 17:00 часот. Околу 17:30 се упатуваме према пристаниште и околу 19:20 чекирање за брод и пловење кон Пиреја. Пристигнување во Атина (Пиреа) во 23.00 часот. Продолжување на патувањето кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи.

8.Ден.14.09.2021.вторник,Скопје

Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови на

Цена на аранжманот:

ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ БЕЗ КАМАТИ
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ
329 ЕУР/20 340 ДЕН
ЗА УПЛАТА ОД 50% АКОНТАЦИЈА ДО 06.08.
299 ЕУР/18 540 ДЕН

Дополнителни информации:

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • -5 ноќевања со појадок во хотел  2* или 3*
  • – Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје-Атина (Пиреа)-Скопје.
  • – Бродски билет  на релација Атина (Пиреа) – Парос- Атина (Пиреа) – економска  класа BLUE
  • STAR.
  • – трансфер пристаниште – хотел – пристаниште .
  • -пратител и претставник на островот за целиот Ваш престој.
  • – организација на аранжманот.

Во цената не се вклучени:

  • – Факултативни излети и влезници во локалитетите по програма
  • – Задолжително патничко и здравствено  осигурување.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ ПО ПРОГРАМА:

  • Опишани во 3ти ден ———————————————цена 45 еур
  • Крсарење со традиционален брод каики со капење на јужното крајбрежје на островот Наксос и ручек на плажа, опишана во 4ти ден ————————————————————————- – цена 75 еур
  • Посета на островите Делос и Миконос опишани во 5ти ден
  • —————————————————————————-цена 70 еур
  • Во договор со групата посета на Антипарос опишана во ден 6ти………………………………………………………………………..цена 60 еур
  • ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА СИТЕ ГОРЕ НАВЕДЕНИ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ БРОЈ ОД 25 ПАТНИЦИ.

Услови/напомена:

  • -за сместување во 1/1 соба се доплаќа 6990,00 денари
  • – деца од 0год – 1.99 год. бесплатно со двајца возрасни и не користи кревет.
  • – деца од 2год – 5.99 год. плаќаат 99 еур/6138 ден(само превоз+бродски билет) и не користи кревет.
  • – деца од 6 год – 11,99 год плаќаат -30% од цената на аранжманот.
  • – За реализација на оваа програма потребен е минимум од 40 патници.

Цени за користење само превоз и бродски билет Скопје-Парос-Скопје:

  • Превоз со високотуристички автобус 80€/4960 ден.
  •  -бродски билет Пиреја – Парос – Пиреја 80€/4960 ден.

Информација за патници со сопствен превоз:

  • -Бродски превоз  за автомобил 100€/6200 ден по правец
  • -Бродски превоз  по лице 40€/2480 ден по правец (економска класа класа)

Доплата за :

  • – Авионски  седишта 25 €/1550 ден по правец.
  • – бизнис класа 35 €/2170 ден. по правец.
  • – кабина за спиење 89/5520 ден. € по правец.

Напомени:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Секој патник кој би добил позитивен тест средства од уплатениот аранжман се враќаат на трансакциска сметка на патникот.
  • Хотелите се со 2*или 3*на база ноќевање појадок и се одредуваат во зависност од големината на групата во кој хотел ќе бидат сместени патниците ќе бидат информирани 5-7 дена пред тргнување, но агенцијата има право за промена на хотелот во случај да добие подобра категорија на хотел од претходно понудениот.
  • Цените се по лице, сместување во двокреветни ,трокреветни и четворокреветни соби.
  • Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
  • Целосна доплата 10 дена пред патување.
  • За уплати на “ULTRA FIRST MINUTE” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
  • Агенцијата/Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле аранжманот немаат право на надомест на средства во разлика на цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата и редоследот на факултативните екскурзии.
  • При резервација и уплата на аранжманот задолжително пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот.
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација да проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање .
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот до 5 дена пред поаѓање.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ДРИМ ХОЛИДЕЈС

Агенцијата го задржува правото за промена на денот и часот за бродското пловење доколку има промени од страна на бродската компанија, воедно го задржува правото за промена на редоследот и часот на факултативните излети 

За овој аранжман важат општите услови на СКТМ и  Т.А. ДРИМ ХОЛИДЕЈС.

Контактирај нé