Агенда:
1 Ден. 30.04.21 Петок Скопје – Белград
Состанок на групата во 00:30 часот и тргнување за Белград во 01:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со куси попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Белград во претпладневните часови по што следи разгледyвање на градот со локален водич: хотел Москва, Кнез Михајловата улица, Соборната црква, Булеварот на Револуцијата, Калемегдан… Слободно попладне за индивидуални активности. Сместување во хотел Side One http://www.sideonehotel.com/ . Вечерта можност за организирана посета на национален ресторан во Скадарлија со жива музика и мени со специјалететите на српската кујна (во зависност од протоколите за COVID 19).Ноќевање.
2 Ден. 01.05.21 Сабота Белград – Сремски Карловци - Нови Сад - Белград
Појадок. По појадокот заминување на посета на Нови Сад, оддалечен 90км од Белград со попатна посета на Сремски Карловци. Пристигнување во Сремски Карловци и организирана прошетка низ градот кој некогаш бил седиште на Српската православна црква во периодот на Австро-Унгарија и политички и културен главен град на Војводина. Организирана посета на винарија Косовиќ во Сремски Карловци со дегустација на сортни вина и закуска. Пристигнување во Нови Сад и разглед на градот со локален водич: Петроварадинската тврдина, Стариот град, Музејот, Црквата Св.Ѓорѓи, куќата на Милева и Алберт Ајнштајн… Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови враќање во Белград. Вечерта организирана посета на црква за извршување на Велигденски обичаи ( во зависност од протоколите за COVID 19). Враќање во хотел. Ноќевање.
3 Ден. 02.05.21 Недела Белград - Скопје
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Македонија со попатна посета на Икеа. Патување со куси попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
Дополнителни информации:
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со висоско туристички автобус на наведената релација ;
- Две ноќевања со појадок во Белград – хотел Сиде Оне 3* http://www.sideonehotel.com/ ;
- Разглед на Белград со локален туристички водич ;
- Разглед на Нови Сад со локален туристички водич;
- Посета на Сремски Карловци; Посета на винарија Косовиќ – Сремски Карловци со дегустација на сортни вина и бермет;
- Придружник – пратител на групата за време на патувањето;
- Организација и реализација на аранжманот.
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
- Посета на национален ресторан во Скадарлија;
- Патничко и здравствено осигурување 200 денари;
Важни напомени:
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници, со капацитет и пополнетост на автобус според моменталниот протокол за заштита против КОВИД.
- Во случај на евентуална спреченост за реализација на аранжманот од страна на агенцијата поради КОВИД, уплатените средства ќе бидат во целост рефундирани на патниците.
- За ова патување не е потребен PCR тест.
- За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
- При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај.
- За време на патувањето во автобус задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот.
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 3 недели пред поаѓање.
- Цената е дадена по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби, валидни за најмалку 2 лица во соба.
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 25 патници, организиторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени факултативата да ја откаже или да ја зголеми цената.
- Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860мкд
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Т.А. Дрим Холидејс.