Чешме – Р. Турција

Велигден и 1ви мај

Атрактивното и светски познатото летувалиште Чешме е најзападниот приморски град во Турција, поставен на самиот раб на истоимениот полуостров на обалата на Егејското Море. Заради бројните природни убавини, автентичноста и оригиналниот карактер на градот, пријатната медитеранска клима, кристално чистото топло море и преубавите песочни плажи, Чешме низ годините се развива во елитно и монденско интернационално познато летувалиште. Облата на полуостровот е долга околу 30км и на неа се сместени бројни песочни плажи. Најпознатата атракција во градот е Џеновската тврдина или замокот Чешме. Градот има богата туристичка понуда и сместувачки капацитети со различна категоризација, марина за бродови поставена во центарот на градот околу која гравитираат живописни и автентични ресторанчиња, кафулиња и сувенирници. Чешме е исто така надалеку познат по своите термални води кои извираат во околината на градот со температура до 38°C со благотворно дејство, па оттука доаѓа и називот на градот, Чешме, или во превод фонтана, токму заради неговите термални извори. Ваикики Ве води на едно пријатно патување, хармонија од сонце, море, плажа, култура и историја низ патеките на светите места на егејскиот дел на Турција!

Агенда:

1.Ден 29.04.2021 (Четврток) СКОПЈЕ – ЧАНАККАЛЕ

Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем во 13.30 часот. Поаѓање за Турција во 14.00 часот. Дневно и ноќно возење, транзит преку Бугарија, со попатни кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности, патување проследено со музика и филмови.

2.Ден 30.04.2021 (Петок) ЧАНАККАЛЕ – ЧЕШМЕ

Во раните утрински часови пристигнување во Ечебат и преминување на протокот Дарданели со фериброд до Чанаккале. Патот продолжува со неколку попатни застанувања за краток одмор. Пристигнување во Чешме во попладневните часови и сместување во хотел. По сместувањето краток одмор и можност за факултативен разглед на градот Чешме со локален водич со доплата.

ИНКИЛАБ главна пешачка шопинг улица, реновирана 2012год.

ЗАМОКОТ парче историја задолжително за посета на секој турист кој доаѓа во Чешме. Замокот на Чешме е изграден од страна на отоманскиот Султан, Бајазит II во 1508 год. замокот е одлично зачуван и со огромно културно и историско значење. Со качување по скалите кои водат сè до врвот на кулата се отвара прекрасна панорама на Чешме од 360 степени.  Интересно е што за време на летната сезона замокот се користи за оддржување на летни концерти како дел од годишниот летен фестивал на Измир.

СПОМЕНИК НА ГАЗИ ПАША СО ЛАВ – поставен до самата тврдина каде може да се направи фотографија.

КЕРВАНСАРАЈ изграден 1529 год. од oтоманскиот Султан Сулејман Величенствениот. Оваа градба откако е реставрирана е претворена во хотел, иако не се престојува во овој хотел има можност да се влезе низ големите Порти и да се прошета низ дворот. Градбата на овој објект е во типичен oтомански стил.

ПРЕСТИЖНАТА МАРИНА НА ЧЕШМЕ – Тотален капацитет од 500 места за бродови, долж неа голем број на продавници кафулиња и ноќни клубови. Фактот што марината и нејзиното крајбрежје е отворено преку целата година, има дадено нова вибрација и атракција на Чешме за посета преку целата година. Архитектурата и нејзиниот стил совршено се поклопува со карактерот и изгледот на градот. Тука има фаст фуд ланци како Бургер Кинг и кафулиња како Старбакс. Овде се организираат и неколку годишни фестивали како што е винскиот Марина фестивал.

По завршување на разгледот, слободно време за индивидуални активности и прошетки. Враќање во Хотел. (Вечера само во хотел Пирил). Ноќевање.

3.Ден 01.05.2021 (Сабота) ЧЕШМЕ - АЛАЧАТИ - ИЛИЏА ПЛАЖА - ЧЕШМЕ

Појадок. Ден предвиден за факултативна посета со локален водич од партнерите на Ваикики во Турција, на живописното гратче Алачати. Започнуваме со прошетка од Ветерниците низ уличките на Алачати, бисерот на полуостровот Чешме, мало традиционално место, обоено со камени куќи во пастелни боли, живописни тесни улички од калдрма, украсени со многу цвеќе и орнаменти. Алачати е град бутик, совршено уреден, познат по прекрасните песочни плажи, бутик хотелите и луксузните ресорти, а пак пристаништето во Алачати е светски познат центар за водени спортови, особено во едрење, заради постојаниот ветер кој тука пирка. Со овој разглед го гледаме т.н. Парк на Ветерници кој е направен според новиот урбанистички план на Алачати. Во Алачати ќе посетиме:

АНТИЧКИ ВЕТЕРНИЦИ кои се реставрирани од 2007 со направен парк околу нив. Постари и од стотици години ветерниците се сведоштво како мештаните го искористиле ветерот во Алачати. Од овде се простира прекрасна панорама кон градот, тука ќе имаме можност да се фотографираме.

УЛИЧКИТЕ НА АЛАЧАТИ ја продолжуваме прошетката низ уличките на Алачати, каде има голем број на продавнички и ресторани.

ПАЗАРИЈЕРИ старата џамија на Алачати која што интересно порано била грчка православна црква. Од надворешноста се забележува како едниот дел е Црква, додека другиот е Џамија.

ПЛОШТАДОТ НА АЛАЧАТИ од Пазаријери продолжуваме кон плоштадот и попатно ќе застанеме до Тугба, позната продавница за локум. Застануваме покрај малиот плоштадат во круг обиколен со уникатни градби специфични само за ова место, куќи обоени во пастелни бои.

ИЛИЏА ПЛАЖА – По разгледот продолжуваме со автобус до најпознатата плажа на Чешме, плажата Илиџа, која има термални извори кој извираат директно во морето. Застанување до плажата со можност за фотографирање.

Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности, можност за користење на услугите на хотелот (внатрешен термален базен само во хотел Пирил). (Вечера само во хотел Пирил). Ноќевање.

4.Ден 02.05.2021 (Недела) ЧЕШМЕ –КУЌАТА НА ДЕВА МАРИЈА – ЕФЕС – СВ. ЈОВАН - ЧЕШМЕ

Појадок. Ден предивден за целодневна факултативна посета на светите места на Егејска Турција. Поаѓаме рано наутро, од Чешме до Ефес има околу 2 часа возење. Разгледот на Ваикики е со локален водич и се посетуваат следните места:

КУЌАТА НА ДЕВА МАРИЈА: Започнуваме со посета на крстилницата, потоа продолжуваме кон куќата на Дева Марија, каде мајката божја ги проживеала последните 7 години од својот земен живот. Застануваме до место каде може да се купат локални сувенири. Кратка тоалет пауза. Пешачкиот разглед трае околу 1 час, препорачуваме удобни обувки.

ЕФЕС АНТИЧКИ ГРАД: По посетата на куќата на Дева Марија, со автобусот се симнуваме до Античкиот град ЕФЕС. Разгледот започнува од Античкиот Ефес – Одеон, Градот Ефес, Ангелот на победата, Портата на Херкулес, Храмот на Адријан, Библиотеката на Целзиус, Агората, Амфитеатарот сè до излезот од локалитетот. На самиот излез има тоалети. По завршување на разгледот кој трае околу 2 часа, следи пауза за ручек или кафе индивидуално (не е вклучено во цена).

СВ. ЈОВАН БОГОСЛОВ: Патувањето продолжува со автобус до црквата Св. Јован во Селџук. Овде ќе се задржиме околу 1 час.

По завршувањето на посетите предвидени од оваа факултатива се враќаме во хотел. (Вечера само во хотел Пирил). Ноќевање.

5. Ден 03.05.2021 (Понеделник) ЧЕШМЕ – ШОПИНГ МОЛ ИЗМИР - СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот. Заминување кон Македонија со попатна посета на шопинг мол во Измир. Пауза од 3 часа. По посетата на шопинг центарот, патувањето продолжува кон Скопје. Дневно и ноќно возење, транзит преку Бугарија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје наредниот ден во пладневните часови, во зависност од задржувањата на граничните премини.

Цена на аранжманот:

Цена "Hotel Saatli 3*" до 31.03.2021
149€/ 9.238 мкд
Редовна цена "Hotel Saatli 3*"
169€/ 10.478 мкд
Цена “Hotel Piril 4*” до 31.03.2021
189€/ 11.718 мкд
Редовна цена “Hotel Piril 4*”
209€/ 12.958 мкд

Дополнителни информации:

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Автобуски превоз со високо туристички автобус на наведената релација.
  • Трансфер со фериброд до и од Чанаккале.
  • Сместување во хотел по избор на база 3 ноќевања на наведената услуга.
  • **** Хотел Пирил  – појадок и вечера, бесплатно користење внатрешен базен.
  • *** Хотел Саатли  – спиење со појадок
  • Едно шише 0,5 флаширана вода по патник на ден.
  • Попатна посета на Шопинг Мол во Измир.
  • Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително здравствено и патничко осигурување.
  • Разглед на Чешме со локален водич – 15€
  • Факултативна посета со локален водич Алачати и Плажата Илиџа – 15€
  • Факултативана посета Куќата на Дева Марија, Ефес, Св. Јован – 45€
  • Индивидуални неспоменати трошоци.
  • Туристичка такса 2€ по лице од ноќ.
  • *** ПРОМО пакет за пријава на сите факултативи 65€ !!!

Важни напомени:

  • За реализација на патувањето потребен е минимум од 35 патници, со капацитет и пополнетост на автобус според моменталниот протокол за заштита против КОВИД.
  • За ова патување не е потребен PCR тест.
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот.
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 3 недели пред поаѓање.
  • Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
  • Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.
  • Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби, валидни за најмалку 2 лица во соба.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 25 патници, организиторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени факултативата да ја откаже или да ја зголеми цената.
  • Доплата за еднокреветна соба 60€/3.720мкд
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, за влез во Турција патната исправа потребно е да е валидна минимум 6 месеци од датумот на враќање.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.
  • За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Т.А. Дрим Холидејс.

Контактирај нé