Продолжен викенд Будва 17.06.-20.06.2021

Манастир Острог - Будва – Котор - Тиват - Св.Стефан

Цена:
4.950,00 денари

Агенда:

1. Ден 17.06.2021 (четврток ) Скопје - Манастир Острог

Состанок на групата во 20:00 часот и заминување за Црна Гора во 20:30 часот. Патот води преку Косово и Албанија со попатни паузи.

2. Ден. 18.06.2021 Манастир Острог - Цетиње - Будва

Пристигнување во Манастирот Острог во раните утрински часови за присуство на утринската литургија која трае 2 часа. По завршувањето на литургијата слободно време за разглед на манастирот, по што се продолжува кон Будва со попатна посета на Цетиње.Пристигнување околу пладне во Цетиње – Кралското седиште на Црна Гора. Разглед на градот: Палатата на крал Никола, Цетинскиот манастир, Претседателската палата. Патот продолжува кон за Будва. Сместување во хотел “MB” 3*. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

3. Ден. 19.06.2021 Будва

Појадок. По појадокот можност за организирана прошетка и посета на Стариот град кој е препознатлив по доминантната венецијанска архитектура. Слободен ден за индивидуални активности и уживање на некоја од блиските плажи и Јадранското море. Ноќевање.

4. Ден. 20.06.2021 Будва - Котор - Тиват - Скопје

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на Котор и Тиват, како и крстарење со брод по заливот Бока Которска. Поаѓање за Скопје со попатно застанување на видиковец од каде се нуди прекрасен поглед на Св.Стефан и можност за фотографирање. Пристигнување  во Скопје во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот:
4.950,00 денари

Дополнителни информации:

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со модерен туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел “MB” 3* во Будва
  • Посета на манастирот Острог и утринската литургија
  • Организирани прошетки на Цетиње и Будва
  • Организација и реализација на аранжманот

Во ценатаа на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Факултативен излет до Котор и Тиват и крстарење со брод по Бока Которска  20 евра
  • Патничко и здравствено осигуруваање
  • Влезници за културно – историските споменици и локалитети

Напомена

  • За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

Контактирај нé