Сплит Хвар Брач и Требиње

Сплит - Сињ - Брач - Хвар - Мостар - Требиње - Дубровник – Котор - Скадар

Агенда:

1. Ден Скопје - Сплит

Состанок на групата во договореното времеи поаѓање за Сплит. Се патува преку Р.Косово, Р.Албанија и Р.Црна Гора. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2. Ден Сплит-Сињ

Пристигнување во Сплит во утринските часови и разгледување на градот со локален туристички водич: Палатата на Диоклецијан, Плоштадот Перистил, Градската “Рива”, Катедралата Св.Дујам, Кулата Кампаниле, Остатоците од Античкиот град Салона, Галеријата на Иван Мештерович, Споменикот на Кардиналот Грегор Нински… По разгледот слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот. Во попладневните часови заминување за Сињ. Сместување во хотел. Ноќевање.

3. Ден Сињ-Брач-Хвар-Сињ

Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет со брод до едни  од најпознатите бисери на Јадранот, Островите Брач и Хвар. По краткото пријатно возење пристигнуваме на Брач, највисокиот (778 метри) и третиот по големина остров (395 км2) на Јадранското море. Посета на разнобојниот град Бол-најпознатиот туристички центар на островот. Организирана прошетка низ центарот на градот и до манастирот Доминикан кој има богата библиотека и архива. Можност за слободно време за посета на најпознатата плажа на Јадранот – Златен Рог. Од островот Бол се продолжува кон островот Хвар. Посета на истоимениот град-најстариот туристички центар во Далмација кој изобилува со историски споменици и градби: Староградскиот кеј, Катедралата Св.Стјепан, Театарот, Aрсеналот…Слободно време за индивидуални прошетки. Доцна попладне враќање со брод во Сплит. Враќање во хотел во Сињ. Ноќевање.

4. Ден Сињ-Мостар-Требиње

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Мостар, Р.Босна. Пристигнување во пладневните часови и разглед на градот кој е познат како “Прозорот кон Ориентот”: Стариот мост по којшто градот го добил своето име, Занаетчиската улица, Отоманските резиденции… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување за Требиње. Сместување во хотел. Вечерта можност за факултативна свечена вечера во национален ресторан во Требинје. Ноќевање.

5. Ден Требиње-Дубровник-Требиње

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за главниот град на Далмација, Дубровник-Р.Хрватска. Разглед на  стариот дел на градот со локален туристички водич: Портата Пиле, Најголемата пешачка улица Страдун, Најстарата аптека на Балканот, Музејот на жртвите од Југословенските војни, Градската Куќа, Катедралата Св.Влах, Градското пристаниште… Слободно време во стариот дел од градот. Во попладневните часови враќање Требиње. Ноќевање.

6. Ден Требиње-Котор-Скадар-Скопје

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Котор-град сместен во Бока-Которскиот залив. Организирана прошетка низ стариот дел на градот со можност да се видат Градските sидини, Староградската катедрала Св.Трифун, Црквата Св.Лука и Црквата Св.Никола, Поморскиот музеј во Котор… Кратко слободно време за индивидуални прошетки по што патот продолжува кон Скопје со попатна посета на градот Скадар, Р.Албанија. Пристигнување во Скадар во пладневните часови и организирана прошетка на градот со можност да се види Католичката Катедрала Св.Стефан кадешто според тамошните свештени лица се наоѓа и платното со кое бил покриен Исус по распнувањето, стариот дел на градот, впечатливата архитектура, музејот на првата фотографија во Албанија, Џамијата Eбу Бекр… Заминување за Р.Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Дополнителни информации:

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*/4* во Сињ
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*/4* во Требиње
  • Разглед со локален водич на Сплит
  • Разглед со локален водич на Дубровник
  •  Разглед со локален водич на Мостар
  • Организирана прошетка низ Котор и Скадар
  • Туристички пратител за времетраење на патувањето
  • Организација и реализација на аранжманот

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Целодневен факултативен изглед со брод до островите Брач и Хвар со локален водич
  • Факултативна свечена вечера во национален ресторан во Требиње
  • Влезници за културно историски споменици
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Други неспоменати индивидуални трошоци во програмата

Контактирај нé