Ман. Грачаница – Ман. Дечани – Подгорица – Његуши – Котор – Будва – Дубровник – Скадар

Агенда:

1. Ден. Скопје - Грачаница - Дечане - Подгорица

Состанок на групата во довореното време и заминување за Косово. Патот води преку граничен премин Блаце. Пристигнување во  Грачаница во утринскитечасови и посета на манастирот изграден од цар Милутин во 14от век. Патот продолжува кон  Црна Гора со попатна посета на манастирот во Дечани, познат под името Високи Дечани (30м висок) и под заштита на УНЕСКО. Преку граничниот премин Кула и единствениот кањон на Морала се продолжува кон Подгорица. Пристигнување во Подгорица и сместување во хотел. Вечерта слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

2. Ден. Подгорица - Цетиње - Његуши - Котор - Будва

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување на разглед на главниот град на Црна Гора со локален водич: Саат кулата, плоштадот на Независноста, Градското собрание, Градскиот стадион, Московскиот и Милениумскиот мост. Околу пладне заминување за Цетиње – Кралското седиште на Црна Гора. Разглед на градот со локален водич: Палатата на крал Никола, Цетинскиот манастир, Претседателската палата. Патот продолжува кон Котор со попатна посета на селото Његуши – родното место на крал Никола. Пауза за ручек. Пристигнување во Котор и разглед на градот со локален водич: Катедралата Св.Трифун, црквата Св.Никола, плоштадот, Поморскиот Музеј, градските ѕидини. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување за Будва. Сместување во хотел. Ноќевање.

3. Ден. Будва - Дубровник - Будва

Појадок. По појадокот следи целодневен факултативен излет до Дубровник – бисерот на Јадранското море. Пристигнување во Дубровник во предпладневните и разглед на градот со локален водич: Страдун, катедралата Св.Влах, марината, Градското собрание… Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови заминување за Будва. Вечерта можност за факултативна посета на национален ресторан во Будва. Ноќевање.

4. Ден. Будва - Св.Стефан - Скадар - Скопје

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и организирана прошетка низ Стариот град во Будва. Околу пладне заминување за Скадар. Патот води по познатата јадранска магистрала од која се нуди поглед на Св.Стефан. Простигнување во Скадар и организирана прошетка низ градот со можност да се видат црквата Св.Стефан, џамијата Ебу Бекер,  муззејот на фотографијата, паркот. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Дополнителни информации:

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со модерен туристички автобус
  • 1 ноќевање со појадок во хотел 3*/4* во Подгорица
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*/4* во Будва
  • Посета на манастирите во Грачаница и Дечане
  • Разглед на Подгорица, Цетиње, Негуши и Котор со локален водич
  • Организирани прошетки на Будва и Скадар
  • Организација и реализација на аранжманот

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Посета на национален ресторан во Будва
  • Целодневен факултативен излет до Дубровник
  • Патничко и здравствено осигуруваање
  • Влезници за културно – историските споменици и локалитети (Грачаница, Дечане)

Контактирај нé