Светот на Кристалите “Сваровски”

Салзбург - Минхен - Загреб

Агенда:

1. Ден. Скопје - Салзбург

Состанок на групата во договореното време и поаѓање за Салзбург. Патот води преку Р.Србија, Р.Хрватска и Р.Словенија. Ноќно возење со попатни паузи.

2. Ден. Салзбург

Пристигнување во Салзбург во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич: историскиот центар на градот заштитен од УНЕСКО од 1996 година каде се наоѓа куќата на Моцарт, катедралата Св.Руперт, плоштадот на Моцарт,  дворецот Мирабел и градината, стариот плоштад, надбискупската резиденција, најстарите гробишта и најстариот ресторан во Европа. Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел.  Ноќевање.

3. Ден. Слазбург - Ватенс / Светот на Сваровски - Слазбург

Појадок. По појадокот следи целодневен факултативен излет до Ватенс и Кристалниот Свет на “Сваровски”. Пристигнување околу пладне и разглед на овој неверојатен бајковит свет на кристалите, со посета на “Џинот” и неговите комори на чудата, градината  и лавиринтот. Пред две децении “Сваровски” беше познат по колекционерските фигури и фустанот со 10.000 кристали во кој Мерлин Монро му ја пееше роденденската песна на претседателот на САД, Џон Кенеди. Денес “Сваровски” е водечки светски произведувач на брусени кристали со над 2.700 продавници низ светот. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

4. Ден Салзбург - Минхен - Загреб

Појадок..По појадокот заминување за Минхен.Панорамски разглед на градот со локален водич: Карлсплац, Мариенплац, Леополдова улица, Карловиот плоштад ,Каролиниот плоштад со обелискот, Фрауенкирхе… Во попладневните часови поаѓање за Загреб. Пристигнување во Загреб во доцните вечерни часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

5. Ден Загреб - Скопје

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и разглед на Загреб со локален водич: плоштадот Бан Јелачич, уметничкиот павиљон, Хрватскиот народен театар, Загребската катедрала, Владата, Камената порта, Народното собрание… Слободно време за индивидуални активности. Околу пладне заминување за Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Дополнителни информации:

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со модерен туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел  3*/4*  во Салзбург
  • 1 ноќевање со појадок во хотел 3*/4* во Загреб
  • Разглед со локален водич на Салзбург, Минхен и Загреб
  • Организација и реализација на аранжманот

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Целодневет излет до Ватенс и Кристалниот Свет со влезница
  • посета на пивница во Салзбург
  • свечена вечера во национален ресторан во Загреб
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Влезници за културно – историските споменици

Контактирај нé