ИСТАНБУЛ – ПРИКАЗНА ОД ОРИЕНТОТ

8-ми Септември

Цена:
4,950,00 ДЕНАРИ
Од:
09/09/2021
До:
12/09/2021
2BB

Агенда:

1 ДЕН СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Состанок на групата во 14:00 часот. Поаѓање во 14:30часот. Ноќно возење преку Р.Бугарија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Сместување во хотел ( во зависност од можностите на хотелот). Краток одмор. По одморот следува панорамски  разглед на градот со локален водич: Аја Софија, Плавата џамија, Топ Капи, Аксарај, Лалели џамија,Бејазитова џамија, Универзитетот, Римскиот аквадут, Златниот рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на Бешикташ, Галата кулата, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Сулејманија, Фатих џамија. По разгледот организирана посета на нјаголемиот покриен пазар во светот со 60 улици и 4000 пробавници за злато, сребро, кожа и ткаенини – Капали Чаршија. Слободно време за шопинг и иднивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН ИСТАНБУЛ – АЗИСКИ ДЕЛ - ЏАМЛИКА - БЕЛЕР БЕЈ - ТАКСИМ

Појадок. По појадокот организиран излет во азискиот дел на Истанбул со посета на најголема џамија во градот – Џамлика лоцирана на познатото Џамлика брдо а изградена во 2019 година. По обиколката на Џамлика се посетува и Кис кулата лоцирана во Белер Беј областа која изобилува со огромен број на ресторани кои нудат специјалитети на турската кујна со прекрасен поглед на Босфорот. Во попладневните часови враќање во европскиот дел на Истанбул и посета на Таксим плоштадот. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки. Попладнето можност за факултативна посета на познатата Сеир кула и Сафир Сеир терасата од каде се нуди прекрасен поглед на Истанбул и 4Д панорама на градот https://www.sapphireavym.com/ … Во вечерните часови, ножност за факутативна вечерља во Национален Ресторан, за незаборано доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ДЕН ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и можност за факултативно крстарење по Босфор, панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот и пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија. По крстарењето организирана посета на Ејуп Султан џамијата и Пјер Лоти видиковецот од каде се нуди прекрасен поглед на спојот од историскиот и модерниот Истанбул.  Попладнето посета на познатите шопинг центари Венеција и 212. Поаѓање за Скопје во попладневните часови.

5 ДЕН СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Цена на аранжманот:
4,950,00 ДЕНАРИ

Дополнителни информации:

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на дадената релација со модерен, високотуристички автобус;
  • Сместување во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок;
  • Организиран разглед на Истанбул со локален водич;
  • Посета на Капали чаршија;
  • Посета на Азискиот дел на Истанбул со џамијата Џамлика, Кис Кула и Белер Беј;
  • Посета на Таксим;
  • Посета на Ејуп Султан џамија и Пјер Лоти;
  • Посета на шопинг центрите Венеција и 212;
  • Лиценциран туристички пратител за времетраење на аранжманот;
  • Организација и реализација на аранжманот.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Крстарење со брод по Босфор (со локален водич);
  • Вечера во национален ресторан.
  • Патничко и здрвствено осигурување 300 денари;
  • Доплата за еднокреветна соба;

Контактирај нé