Турција каква што не сте ја доживеале – Историја и одмор

ТРОЈА – ИЗМИР – СЕЛЏУК ЕФЕС – ПАМУККАЛЕ – ДЕНИЗЛИ – АЛАНИЈА – БУРСА – ИСТАНБУЛ

1 Ден. 28.08.2021 Скопје – Троја (сабота)

Состанок на групата во 18:30 часот и поаѓање за Р.Турција во 19:00 часот. Се патува преку Р.Бугарија со куси попатни паузи за царински формалности и одмор.

2 Ден. 29.08.2021 Троја – Измир (недела)

Пристигнување во Троја во утринските часови (09:00 часот) и посета на археолошкиот локалитет опишан во епското дело на Хомер, Илијада. По двочасовно разгледување на локалитетот продолжување кон Измир. Сместување во хотел. По попладневениот краток одмор следи разгледување на градот кој е трет по големина во Р.Турција и неговите знаменитости.  Враќање во хотел. Ноќевање.

3 Ден. 30.08.2021 Измир – Селџук – Ефес – Памуккале – Денизли (понеделник)

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и продолжување кон Денизли со попатни посети на Селџук, Ефес и Памукккале. Селџук преставува важен дел од турската историја, во кој се лоцирани гробот на Св. Јован и куќата на Богородица. По нивната посета се упатуваме кон еден од назнајчајните археолочки локалитети во Мала Азија – Ефес кој се наоѓа во непосредна близина на Селџук. Двочасовно разгледување на Ефес со локален водич. Патот продолжува кон Паммукале. Паммуккале за разлика од предхотните локалитети, преставува чудо на природата,  поради големиот број на термални извори кои создале прекрасни базени од варовник. Самите базени се атракција сами по себе и изгледаат како сцена од научно фантастичните филмови. Доколку временските услови дозволуваат, постои можност за капење во базените. Пристиднување во Денизли во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

4 – 8 Ден.31.08.-05.09.2021 Денизли – Аланија (вторник – недела)

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и упатување кон најпознатиот летен туристички регион Анталија. Пристигнување во хотел во Аланија и сместување. Релаксација и одмор во хотел на база  5 ноќевања услуга UAI ( ултра алл инклузив ). Можност за факултативни излети ( крстарење со брод, возење со квод, излети…).

9  Ден.05.09.-06.09.2021 Аланија-Бурса-Истанбул (недела-понеделник)

Напуштање на хотелот во вечерните часови и ноќно возење кон Бурса и Истанбул . Пристигнување во Бурса во утринските часови и разглед на градот познат по специфичната отоманска архитектура и неговите знаменитости: Големата Џамија, ботаничката градина, Балибеј хан, мостот Ирганди… По краткото слободно време патот продолжува кон најпознатиот град во Турција – Истанбул. Пристигнување во Истанбул и сместување во хотел. По краткиот одмор следи панорамски разглед на градот: Аја Софија, Плавата џамија, Топ Капи, Аксарај, Лалели Џамија, Бејазитовата Џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашината Џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих Џамија… Враќање во хотел. Ноќевање.

10  Ден.07.09.2021 Истаанбул (вторник)

Појадок. По појадокот можност за факултативна посета и разглед на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство со влезница и локален водич зачинето со спектакуларно крстарење со брод по Босфор. Во попладневните часови, посета на Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини… . Во вечерните часови предлагаме посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар – Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор…Европа – Азија) прекрасно место за кафе. Враќање во хотел преку Босфорскиот Мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул…Ноќевање.

11 Ден. 08.09.2021 Истанбул – Скопје (среда)

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот посета на познатиот Шопинг Центар Форум каде се наоѓа големиот Аквариум. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Р.Бугарија, со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот:

ЦЕНА:
29.699,00 денари
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 13.08.2021
27.839,00 денари

Дополнителни информации:

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со висоско туристички автобус на наведената релација ;
  • 1 ноќевање со појадок во хотел Kaya Prestige 4* во Измир; ( http://kayaprestige.com.tr/ )
  • 1 ноќевање со појадок во хотел Grand Itimat 4* во Денизли; ( https://granditimathotel.com/ )
  • 5 ноќевања UAI ( ултра алл инклузиве ) во хотел Larissa Holiday Beach Club 4* во Аланија;

( https://www.larissahotels.com/holiday-beach-club/en/ )

  • 2 ноќевања со појадок во хотел Lionel 5* во Истанбул; ( https://www.lionelhotel.com.tr/ )
  • Организирани прошетки низ Измир и Бурса;
  • Организиран разглед со ликален туристички водич на Истанбул;
  • Организирани посети на Троја, Селџук, Ефес, Памуккале;
  • Придружник – пратител на групата за време на патувањето ;
  • Организација и реализација на аранжманот.

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Факултативно крстарење по Босфор и разглед на Долма Бахче Сарај 35 евра ;
  • Посета на Азискиот дел Ускудар-Белербеј, под подводниот тунел 10 евра;
  • Влезници за културно-историските споменици и локалитети (Троја, Ефес, Памуккале…;
  • Патничко и здравстевно осигурување без франшиза за времетраење на патувањето 660 денари.

Контактирај нé