ИСТАНБУЛ – ПРИКАЗНА ОД ОРИЕНТОТ

Термини:
02-06.12.2021
09-13.12.2021
16-20.12.2021
23-27.12.2021

Цена:
5,490,00 ДЕНАРИ

Агенда:

1 ДЕН СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Состанок на групата во 16:00 часот. Поаѓање во 16:30 часот. Ноќно возење преку Р.Бугарија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Сместување во хотел IBIS STYLES MERTER 4*/ OTTOPERLA 5* (во зависност од можностите на хотелот). Краток одмор. По одморот следува панорамски  разглед на градот со водич: Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на Бешикташ,  палатата Долма Бахче, Галата кулата, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Сулејманија, Фатих џамија. Разгледот завршува со посета на плоштадот Таксим. Слободно време за иднивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН ИСТАНБУЛ – ЗЛАТЕН РОГ - АЗИСКИ ДЕЛ - ЧАМЛИЏА - БЕЈЛЕР БЕЈ -УСКУДАР

Појадок. По појадокот организиран разглед на Златниот Рог: Аја Софија, Плавата џамија, Топ Капи, Аксарај, Лалели џамија, Бејазитова џамија, Универзитетот, Римскиот аквадут… Следи организирана посета на најголемиот покриен пазар во светот со 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини – Капали Чаршија. Пешачка организирана прошетка до Еминону, од каде започнува крстарењето со брод по Босфор, панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот и пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија. Слободно време за дегустација на специјалитетот на Еминону – риба во леб или слободна активност.. Во вечерните часови посета на Азискиот дел на Истанбул со посета на најголема џамија во градот – Чамлиџа лоцирана на познатото Чамлиџа брдо а изградена во 2019 година. По обиколката на Чамлиџа се посетува  Ускудар и Бејлер Беј кои изобилуваат со огромен број на ресторани кои нудат специјалитети на турската кујна со прекрасен поглед на Босфорот и Моминската Кула. Враќање во хотел. Ноќевање

4 ДЕН ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и организирана посета на Пјер Лоти видиковецот од каде се нуди прекрасен поглед на спојот од историскиот и модерниот Истанбул. Попладнето посета на познатите шопинг центари Венеција и 212. Поаѓање за Скопје во попладневните часови.

5 ДЕН СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Цена на аранжманот:
5,490,00 ДЕНАРИ

Дополнителни информации:

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на дадената релација со модерен, високотуристички автобус;
  • Сместување во хотел IBIS STYLES MERTER 4*/ OTTOPERLA 5*  на база 2 ноќевања со појадок;
  • Организиран разглед на Истанбул;
  • Посета на Капали чаршија;
  • Посета на Азискиот дел на Истанбул со џамијата Чамлиџа, Моминска Кула, Бејлер Беј и Ускудар;
  • Посета на Таксим;
  • Крстарење со брод по Босфор;
  • Посета на Пјер Лоти;
  • Посета на шопинг центрите Венеција и 212;
  • Лиценциран туристички пратител за времетраење на аранжманот;
  • Организација и реализација на аранжманот.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Влезници и билети за посетите според порграмата;
  • Патничко и здрвствено осигурување 300 денари;
  • Доплата за еднокреветна соба;

Контактирај нé