На 400км оддалеченост по копнен пат и 3 часа со траект нашата екипа пристигна на островот Скијатос! Овој остров за разлика од островот Крф, изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море. Заедно со островите Хвар, Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа. Дали може да замислите?
Островот – Скијатос има површина од 50 км2 и преку 50 плажи со резлична тематика, но сите песочни! Градот Скијатос со својот модерен стил и многубројните ресторани, бутици, кафетерии и дискотеки, како и туристи од цела Европа, ќе ве опушти и ќе ги задоволи сите ваши потреби. Скијатос, еден од најпопуларните острови на Грција. Познат е по златните плажи, зеленилото  и живописната природа. Овој остров е за сечиј вкус, омилена дестинација за младите кои сакаат луд и незаборавен одмор, но и за семејствата кои имаат избор на мирни плажи за вистински одмор. Најпопуларните плажи се наоѓа на јужната страна на островот.

Вила Есперос

Со поглед на живописниот залив Трулос, хотелот Есперос нуди одлични студиа со балкони за одлична рекалсација. На само 500 метри од прекрасна празна песочна плажа „FLUVIA“ опколена со борова шума и заведена од шумовите на брановите на чистото море, Есперос е иделално место за оние коишто бараат мирен одмор. Студиата во хотел Есперос располагаат со мину кујна која има фрижидер, посебно купатило со тоалет, телевизор и клима и балкони коишто имаат поглед кон борова шума, а дел од нив и кон морето. Сите соби располагаат со клима уред и телевизор. Гостите во Есперос може да приготвуваат свои оброци или да нарачат ужина од барот и да уживаат на балконот или во дворот на хотелот. Непосредно пред самиот хотел се наоѓаат и ресторани со традиционална храна и продавници. Хотелот се наоѓа до автобуска станица која може да се крористи за посета на Кукунариес или Банана Бич. А исто така може да се посети и градот Скијатос.
На само 9 минути пеш од хотелот, се наоѓа една од најпознатите плажи „Трулос“ која дефинитивно ќе биде вашиот вистински избор каде би го поминале одморот на Скијатос.
Есперос располага и со паркинг простор за патниците коишто ќе патуваат со сопствен превоз, а кој е бесплатен. Исто така, бесплатен е и безжичниот интернет. Од пристаниште до хотелот е обезбеден транспорт.

Галерија

ТерминРедовна цена
03.06 – 10.06.2021110
10.06 – 17.06.2021122€
17.06 – 24.06.2021133€
24.06 – 01.07.2021153€
01.07 – 08.07.2021193€
08.07 – 15.07.2021215€
15.07 – 22.07.2021255€
22.07 – 29.07.2021255€
29.07 – 05.08.2021255€
05.08 – 12.08.2021255€
12.08 – 19.08.2021255€
19.08 – 26.08.2021255€
26.08 – 02.09.2021229€
02.09 – 09.09.2021199€
09.09 – 16.09.2021155€
16.09 – 23.09.2021130€
23.09 – 30.09.2021110€

Дополнителни информации:

Во цената на аранжманот е вклучено:

– 7 ноќевања – 8 дена на Скијатос
– Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
– Туристички пратител за време на патувањето и престојот на Скијатос
– Цените се изразени по лице за 7 ноќевања
– За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет
– Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект фирмата
– За сопствен превоз се одземаат 25 евра од цената на понудата, а патниците сами го     организираат патот со траектот до и од Скијатос
– За оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А Дрим Холидејс

Во цената на аранжманот не е вклучено:

-Дополнителeлни 25€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос-Волос во самиот автобус
-Патничко осигурување (без франшиза) (ЗАДОЛЖИТЕЛНО, се прави во агенцијата)
-Факултативни излети
-Користење на клима (не е задолжително) 5 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
-Доплата за туристичка такса, 3.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите-
Седиштата се нумерирани и секој патник седи според бројот на уплата
-Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице

Напомени кои патникот мора да ги знае:

  • MОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВРЕДНОСНИТЕ ВАУЧЕРИ ЗА ОТКАЖАНИТЕ АРАНЖМАНИ
  • Попустот од 10% важи до 30.04 исклучиво со целосна уплата/ Доколку плаќате на рати попустот не важи
  • За да резервирате апартман со депозит потребна е уплата од 30% и се рачуна од редовната сума. Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок според општи услови за патување
  • Активните попусти не се комбинират со други попусти
  • За споен термин се добива 10% попуст на двета термини.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • Можност за плаќање на 5 рати со приложување документ за вработување
  • Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
  • Напуштањето на собите е во 10:00ч по локално време
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • За резервација на цените пресметани со попуст е потребно целосна уплата
  • Доплата за туристичка такса 0.5е од ден ( Се плаќа во вилата кај соптсвениците)
  • Цените се наменети за 7 ноќевања за наем на апартман.
  • Цените се израсени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
  • При генерално чистење на секоја смена, апартманот се напушта во 10:00ч по локално време.
  • Апартманот кој се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
  • Хигиената во апартманот за време на престојот ја одржуват самите гости
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa и апартмани
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата
  • Грчки стандард за брачен кревет 160-180cm
  •  Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Ваучерите за рана резервација се користат исклучиво од лицата кои имаат склучено договор за патување со нашата агенција.Организаторот на * * патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се * * * * * * Разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест * * На средства за разлика во цена.

Факултативни излети:

Кукунариес – Една од најпознатите плажи на Скијатос, се наоѓа на јужната страна на островот.Плажата е пространа и овде секој може да ужива на свој начин. Може во бројните барови да се напиете кафе или пиво или да се опуштите на лежалка со некоја книга. За љубителите на водни спортови има можност адреналински да го поминат денот. А секако имате и помирен дел каде што може да уживате во интимна атмосфера.

Лаларија-Исто во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина.  Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок.

Банана-Веќе ви спомнавме дека овој остров е идеален за млади, љубители на денска и ноќна журка. Плажата БАНАНА е идеално место за младите посетители и секако за сите со млад дух.  Овде имате Dj од пладне до полноќ. Журката е во полн ек уште во поладневните часови и трае со исто темпо до полноќ. Море, музика, пијачка, млади и разиграни луѓе, што повеќе може да посакате. Ова место навистина ќе ви се допадне и нема да ви здосади дури и секој ден од вашиот одмор да бидете тука. Секако ова не е класичен одмор, вака малку ќе се заморите, но кога ќе се вратите ќе спиете дома, може нели?!

Контактирај нé