Мини одмор Будва 2021 – Хотел ” MB” 3* – БУДВА

Hotel MB 3*е удобен хотел сместен во центарот на Будва, на само 350 метри од морето, 50 метри од комплексот “Словенска Плажа” и  700 метри од стариот град Будва.

Категоризиран како хотел со 3 ѕвезди, “Garni hotel MB” им нуди на своите гости идеален одмор, на идеална локација за идеална цена. Локацијата на хотелот која е одлично позиционирана во туристички главниот град на Црна Гора, комбинирана со квалитетот на сместувањето е пријатно и добро место за идеален одмор во сместувачки капацитети со врвен квалитет. Со акцент на срдечност, удобност, хигиена и квалитет, персоналот на хотелот е достапен 24 часа на ден за сите потреби на гостите. Во рамките на хотелот има ресторан и кафе-бар.Нашата агенција располага  со следниве типови на соби:

  • Двокреветни соби со два одвоени кревети
  • Трокреветни соби со еден брачен кревет и еден единечен
  • Четирикреветни апартмани со 2 соби во кои има еден брачен кревет во едната соба  и 2 единечни кревети во другата соба.

Сите соби и апартмани имаат сопствена бања со туш кабина, фен, мини фрижидер,ТВ, бесплатен wi-fi, клима уред (вклучен во цената) и тераса.

Појадокот во хотелот е на база на шведска маса.

Ценовник

 

 

ТЕРМИНИ

 

 

 

Ноќевање со појадок

 

1/2 соба

цена по лице со превоз

 

     1/3 соба

цена по лице со превоз

 

  1/4 апартман

цена по лице со превоз

 

29.06-04.07.2021

 

5

 

150

 

130

 

115


Дополнителни информации:

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

  • Цените во табелите се дадени по лице за 5 ноќевања со вклучен појадок (шведска маса) и автобуски превоз.
  • За патување со сопствен превоз се одбива 20 евра од цената на аранжманот.
  • Автобускиот превоз се врши со високо туристички автобуси на фирмата ББ Бус Турс и истите можете да ги погледнете на bbbustours.mk.
  • Туристичка такса и хотелско осигурување се плаќа на рецепција во хотелот и чини 1,25 евра по лице на ден.Со плаќањето добивате картон за престој и хотелско осигурување кој е потребно да го зачувате до крајот на вашиот аранжман.
  • Цените во табелите се дадени во евра,плаќањето се врши  исклучиво во денарска противредност по курс  1 евро (61.8мкд).
  • За време на патувањето треба да бидат запазени сите протоколи како: задолжителна дезинфекција при влез во автобус и одржување на дистанца за патници кои не патуваат зедно,задолжително носење на маска која ке ги покрива устата и носот.
  • Пополнетоста на патници во автобусот ке биде согласно моменталните протоколи за патување.
  • Во текот на целото патување во автобусот ке има и придружник од агенцијата.
  • Во цената на аранжманот не е вклучено патничко-здравствено осигурување,препорачуваме Сава осигурување кое може да го извадите во нашата агенција по цена од 450мкд со вклучено КОВИД -19 покритие.
  • За ова патување важат Општите услови за Патување на СКТМ и Т.А Дрим Холидејс-Скопје.

Контактирај нé