ПОЛОЖБА:
Хотел Десарет се наоѓа во туристичката населба Пештани, одалечен 12 километри од центарот на Охрид, на регионалниот пат правец Охрид – Св Наум. Комплексот на хотелот е изграден во стилот на традиционалната Охридска архитектура од 19-тиот век, и се простира на самиот брег на Охридското Езеро, опкружен со пространство на бистра езерска вода од една страна и бескрајна зелена шума од националниот парк Галичица од друга страна. Ваквата местоположба ви дава можност да поминете незаборавен одмор во стилот на традиционалното и модерното опкружување.

СМЕСТУВАЊЕ:
Комплексот располага со три депаданси и вили околу хотелот, опремени со туш кабина, телевизор, мини бар, целосно опремена мини кујна, WI-FI конекција.

УСЛУГА:
Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ). Пијалокот не е вклучен во понуда.

СОДРЖИНА:
Во состав на Хотел Десарет има ресторан за индивидуални гости, ресторан за свадби и други свечености со можност за пренамена за одржување на средби, конференции, состаноци, семинари. Ресторанот има капацитет за 650 гости. На самиот брег на езерото има летна тераса која нуди разни видови пијалаци и вкусна храна. Сопствениот приватен паркинг на хотелот значи поголема сигурност на вашето возило.

Галерија

 

Датум на престој: Лето 2021
Зафатеност \ Тип на сместувањеНоќевање со појадокПолупансион
Еднокреветна соба31€38€
Двокреветна соба (цена по лице)24€29€
Апартман мах. 4 лица (цена по соба)90€/
Вила мах. 4 лица (цена по соба)90€/
Дете 0-10.99 години//
Дете над 11 години24€29€
Датум на престој: Летен аранжман 8 денови (7 ноќи HB) сместување во прва линија
Зафатеност \ Тип на сместувањеНоќевање со појадокПолупансион
Еднокреветна соба/221€
Двокреветна соба (цена по лице)/170€
Апартман мах. 4 лица (цена по соба)//
Вила мах. 4 лица (цена по соба)//
Дете 0-10.99 години//
Дете над 11 години/170€

ПЛАЖА:
Комплексот располага со: отворен базен, приватна плажа, приватна марина (платформа), располага со два спортски терени комбинирани за мал фудбал, кошарка, тенис, ракомет и одбојка кои се изградени за потребите на гостите кои престојуваат во Хотел Десарет.

СПОРТ И ЗАБАВА:
Спортските терени кои ги исполнуваат современите стандарди се одлична можност за спортски екипи за одржување тренинзи или спортски игри или пак за разонода за гостите во слободното време, има одличен базен за ваша рекреација и одмор!

 

Датум на престој: Летен аранжман 8 денови (7 ноќи HB) сместување во втора линија
Зафатеност \ Тип на сместувањеНоќевање со појадокПолупансион
Еднокреветна соба/195€
Двокреветна соба (цена по лице)/150€
Апартман мах. 4 лица (цена по соба)//
Вила мах. 4 лица (цена по соба)//
Дете 0-10.99 години//
Дете над 11 години/150€

 

Доплата за дополнителен оброк 5 евра по лице по ден


Дополнителни информации:

ИНФОРМАЦИИ ЗА ЦЕНИТЕ:

  • Собите се достапни по добиено барање
  • Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови – бесплатно; помалку од 7 денови 50%, еден ден пред доаѓање 100%

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00 денари.
Авансно плаќање по фактура.

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
  • Организатор на патувањето е Дрим Травел и Турс ДООЕЛ Скопје.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Контактирај нé