Lemon & Soul Hotel Makadi Bay (adults Only 16+)

Хургада, Египет

Локација: Се наоѓа во заливот Макади јужно од Хургада. Од аеродромот е оддалечен околу 30 километри. Од другата страна на хотелот има уште два хотели во синџирот – Labranda Club Makadi 4 * и Labranda Royal Makadi 5 *, чии плажи можете да ги користите како гости на овој хотел.

Содржина на хотелот: Во склоп на хотелот има рецепција, лоби, надворешен базен (загреан во зима), Спа центар за моменти на мир и релаксација (со сауна, амам, масажи, џакузи – со доплата), салон за убавина, фитнес центар. Гостите можат бесплатно да играат пикадо, билијард и друштвени игри. Песочната плажа, со лежалки и и чадори за сонце, се наоѓа на неколку минути од хотелот (околу 1000 m), а гостите имаат бесплатен организиран превоз до плажата. Голем број дополнителни активности се достапни во Labranda Club Makadi со дополнителни трошоци, вклучувајќи нуркање, спортови на вода, кану, јавање коњи и тенис. Wi-Fi е бесплатно на сите јавни површини на хотелот.

Содржина на собите: Хотелот располага со 281 модерна соба со приватен балкон и поглед на базен или градина. Нудиме стандардни single, double и triple соби, семејни соби и апартмани. Секоја соба во хотелот има клима и телевизор со рамен екран со сателитски канали, приватен тоалет опремен со када или туш, минибар, фен, гардеробер и апарат за чај/кафе. 

Услуга: All inclusive – самопослужување – според правилата на хотелот. Оброците во рамките на концептот All се служат во ресторанот Zesty во склоп на хотелот, како и во угостителските објекти на соседните хотели во синџирот. Гостите исто така можат да уживаат во вечерата во шеталиштето Лабранда со доплата, каде што има ресторани и барови како што се: Rock & Roll Burger House, грчки ресторан Taverna Paros, Oriental Café Cairo, кубански ресторан Pequena Habana, азиски и индиски ресторан Yum Asian Kitchen & Bar и пицерија.

Галерија

Контактирај нé