Од линиите на националното знаме до варосаните коцкасти вили и пенливото море, Грција носи сино – бела униформа, но Крф додава дополнителна боја во мешавината – зелена.  Познат како “Зелениот Смарагд“, вториот по големина од Јонските Острови е покриен со бујна вегетација, зелени површини, сафирно сина боја на морето, а населението е со многу мирен и отворен дух за туристи кои ги сакаат музиката и танцот, празниците кои се слават со фешти, особено за велигденските празници. Богат со разновидна историја, го прави еден од најубавите острови во Грција. Со архитектура која го има шармот на Париз, Венеција и Лондон. Големиот број на тесни улички со куќи се речиси непроменети до денес, со цел да се задржи автентичноста и карактерот на градот. Малите улички му даваат посебна отменост на стариот град, наместа се толку тесни што можете со раширени раце да ги допрете куќите од двете страни. Изобилува со мали фонтани и плоштади, старите млетачки куќи во кои денес се сместени многубројните таверни, галерии и продавници за сувенири, бројни цркви.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

Состанок на групата на паркингот на Холидеј Ин во 22:00 часот ден пред почетокот на аранжманот. Тргнување во 22:00h. Попатно застанување и собирање на патници во Велес, Неготино, Удово. Се патува преку Гевгелија. Во раните утрински часови пауза на Јанина (Stop&Go). Патувањето продолжува до Игуменица од каде се качуваме на траект и за нешто помалку од 2 часа пристигнуваме на пристаништето во градот Крф. Од таму за 20 мин. пристигнуваме во Ипсос.

За времето на враќање ќе имате координација со водичот кој цело време ќе биде со вас за организација на екскурзиите. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Ценовник

Крф (Corfu) Лето 2021
ТЕРМИНИБрој на ноќевањаЦена по лице
10-17.07.20217 ноќи159 еур
17-24.07.20217 ноќи189 еур
24-31.07.20217 ноќи199 еур
31.07-07.08.20217 ноќи199 еур
07-14.08.20217 ноќи199 еур
14-21.08.20217 ноќи199 еур
21-28.08.20217 ноќи189 еур
28.08-04.09.20217 ноќи159 еур
04-11.09.20217 ноќи129 еур
11-18.09.20217 ноќи119 еур
18-25.09.20217 ноќи109 еур

Дополнителни информации:

Напомена

  • Цените се по лице за 7 ноќевања/8 дена.
  • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • За сопствен превоз се одземаат 20 евра од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минимум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Сместување во собите е по 14:00 часот, а напуштање на истите е до 09:00 часот по локално време.
  • Забрането е групирање на гостите внатре во сместувачките капацитети, а исто така се забранува и преместување на било какви предмети од една соба во друга.
  • Гостите можат да се групираат само околу базенот на вилата, почитувајќи ги протоколите донесени од страна на грчките власти.
  • Вилата исто така располага и со доктор согласно законот донесен од страна на грчкото Министерство за здравство, согласно условите предвидени во случај на пандемија.
  • Автобус со капацитет од 60 седишта е ограничен на користење на максимум 30 седишта и начинот на седење ќе биде на принципот „прв платил, прв добил“.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Цените објавени во табелите се конечни. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.
  • Агенцијата организира превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • 7 ноќевања во студија/апартмани во Ипсос на база на наем
  • Автобуски превоз Скопје – Ипсос (Крф) – Скопје
  • Траект Игуменица – Крф – Игуменица
  • Пратител за време на патувањето
  • Организирана програма за секој ден низ островот
  • Водич за време на престојот
  • Трошоци за организација и реализација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Факултативни излети и индивидуални трошоци на патниците
  • Патничко осигурување (задолжително)
  • Брз антиген тест
  • Други услуги кои не се наведени во програмата

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
  • Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на СКТМ и Т.А Дрим Холидејс, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.

Контактирај нé