КРАЛСКА УНГАРИЈА

БУДИМПЕШТА - СТ.АНДРЕА - ВИШЕГРАД – ЕСТЕРГОМ

Агенда:

1 Ден. 30.12 Скопје – Будимпешта (четврток)

Состанок на групата во 18:30 часот и поаѓање за Будимпешта во 19:00 часот. Се патува преку Р.Србија и Р.Унгарија со куси попатни паузи за царински формалности и одмор.

2 Ден. 31.12 Будимпешта (петок)

Пристигнување во Будимпешта во  претпладневните часови. Разгледyвање на градот со локален водич: Плоштадот на Хероите, Парламентот, улиците Андраши и Ракочи, катедралата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Кралската палата, Цитаделата, Рибарската тврдина, улицата Ваци која завршува со познатата слаткарницата Жербо. Можност за факултативно крстарење по реката Дунав.Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Дочек на Новата Година на познатата Ваци улица. Ноќевање.

3 Ден. 01.01 Будимпешта-Ст.Андреа-Вишеград-Естергом (сабота)

Појадок. По појадокот можност за целодневен факултативен излет до Ст. Андреа, Вишеград и Естергом- некогашните центри на кралска Унгарија со вклучени влезници и превоз. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на обалата на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот  и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за индивидуални прошетки и ручек.  Враќање во Будимпешта во попладневните часови. Можност за факултативна посета на  национален ресторан Чарда – реприза на Новогодишната ноќ, со унгарски специјалитети и фолклор. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 Ден.02.01 Будимпешта-Скопје (недела)

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на шопинг ценарот Arena Plaza. Слободно време за шопинг. Поаѓање за Скопје во пладневните часови. Патувањето води преку Р.Србија со застанување за царински формалности.Пристигнување во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот:

8.990,00 денари

Дополнителни информации:

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација ;
  • Две ноќевања со појадок во Будимпешта,хотел Polus 3*,, http://www.hotelpolus.hu/index_elemei/photogallery.html
  • Разглед на Будимпешта со локален водич;
  • Придружник – пратител на групата за време на патувањето ;
  • Организација и реализација на аранжманот.

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Факултативно крстарење по Дунав 15 евра ;
  • Факултативен целодневен излет со превоз и вклучени влезници на Ст.Андреа, Вишеград и Естергом 20 евра ;
  • Реприза на Новогодишната ноќ – вечера во Чарда – национален Унгарски ресторан 30 евра ;
  • Патничко и здравстевно осигурување без франшиза за времетраење на патувањето 360денари .

Контактирај нé