Нова Година 2023 во БУДИМПЕШТА и КРАКОВ

Од:
28/12/2022
До:
02/01/2023
3BB

Агенда:

28.12.2022 (Среда) Скопје – Будимпешта

Состанок на групата на  Дрво Декор во 16.00часот. Поаѓање за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија.  Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

29.12.2022 (Четврток) Будимпешта

Пристигнување во Будимпешта. Оставање на куферите во хотел. Факултативен разглед на градот, кој ќе започне од плоштадот на Хероите, Унгарскиот парламент, односно од третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со унгарски материјали. Разгледот го продолжуваме кон Базиликата на Св. Стефан, најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18 век, потоа Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под името Кралската Палата, претставувал дом на раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј се упатуваме кон црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја. По разгледот на импозантната црква се упатуваме кон Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот и реката Дунав.По разгледот враќање во хотел.Слободно време за одмор.Вечерта факултативно крстарење и  вечера во национален ресторан Чарда. Ноќевање

30.12.2022 (Петок) Будимпешта- Краков

Појадок и напуштање на хотелот. Пристигнување во Краков во попладневните часови. Се упатуваме на  запознавање на градот со придружба на водич (Ридот Вавел со кралскиот дворец и катедралата, стариот град Ринексо камбаната – еден од најголемите во Европа, црква Св. Марија позната по својот олтар и по огласувањето на трубите на секој час, Флориантската улица од 14-15 век која завршува со Флориантската капија. Посета на Еврејскиот кварт Казимерц кој се наоѓа во стариот дел и е центар на ноќниот живот во градот.Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.

31.12.2023 (Сабота) Краков – Аушвиц – Катовице (факултатива)

Појадок. По појадокот факултативен излет до Аушвиц-Беркенау, озлогласениот нацистички концентрационен логор кој е претворен во спомен музеј. Од 1979год е под заштита на УНЕСКО. Овде се посетува главната порта и дрвените бараки во кои биле затварани и сместувани Евреите.Од овде продолжуваме кон Катовице. Град од големо значење поради неговата индустриска и финансиска структура. Интересен и културен град, кој се издвојува со модерни градби. Ќе имаме разглед со локален водич и слободно време. Враќање во Краков.Вечерта факултативен Дочек на Нова Година во дискотека.Ноќевање.

01.01.2023 (Недела) Краков - Скопје

Појадок. Во пладневните часови заминување за Македонија.

02.01.2023 (Понеделник) Скопје.

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

Цена на аранжманот:

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
259 евра (16.060,00 мкд)
ЦЕНА ЗА ЦЕЛОСНИ УПЛАТИ ДО 15.11.2022
239 евра (14.820,00 мкд)

Дополнителни информации:

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус
  • 1 ноќевање со појадок во хотел 3* Будимпешта
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* Краков
  • Придружник-пратител за време на целото патување
  • Организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативен разглед на Будимпешта со локален водич (10 еур)
  • Факултативно крстарење по Дунав со чаша шампањ ( 20 еур)
  • Факултативна вечера во национален ресторан во Будимпешта (30 еур)
  • Факултативна посета на Аушвиц и Катовице (50 еур)
  • Дочек на Нова Година во дискотека
  • Влезници за посета на музеи и галерии
  • Патничко и здравствено осигурување 200 мкд
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба

Контактирај нé