Нова Година 2023 во БУДИМПЕШТА

Од:
30/12/2022
До:
03/01/2023
2 BB

Агенда:

30.12.2022 (Петок) Скопје – Будимпешта

Состанок на групата на хотел  Русија во  16.00 часот. Поаѓање за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија.  Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

31.12.2022 (Сабота) Будимпешта

Пристигнување во Будимпешта. Факултативен разглед на градот, кој ќе започне од плоштадот на Хероите, Унгарскиот парламент, односно од третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со унгарски материјали. Разгледот го продолжуваме кон Базиликата на Св. Стефан, најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18 век, потоа Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под името Кралската Палата, претставувал дом на раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј се упатуваме кон црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја. По разгледот на импозантната црква се упатуваме кон Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот и реката Дунав. По разгледот враќање во хотел.

 Вечерта Дочек на Новата 2023 Година на некој од плоштадите во Будимпешта.Ноќевање

 

01.01.2023 (Недела) Будимпешта-Естергом-Вишеград -Сент Андреа

Појадокот. По појадокот следи целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград – некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на обалата на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот со локален водич и слободно време за индивидуални прошетки и ручек.Враќање во Будимпешта. Факултативно крстарење со брод по реката Дунав,по завршување на крстарењето факултативно реприза на новогодишната прослава во ресторан со српска музика.Ноќевање.

02.01.2023 (Понеделник) Будимпешта-Скопје

Појадок. Одјавување од хотел. Заминување за шопинг центарот Арена. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Се патува преку Србија со кратки попатни паузи. Ноќно возење.

03.01.2023 (Вторник) Скопје

Пристигнување во  Скопје во раните утрински часови.

Цена на аранжманот:

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
199 ЕВРА (12.300,00мкд)
ПРОМО ЦЕНА
179 ЕВРА (11.060,00 мкд)

Дополнителни информации:

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел Зугло 3*( http://www.zuglohotel.hu/index.php?lang=hu )
  • Посета на трговскиот центар Арена
  • Организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативен разглед на градот со локален водич (10 еур)
  • Факултативно крстарење по Дунав со чаша шампањ ( 20 еур)
  • Факултативна посета на Естергом-Вишеград- Сент Андреа (25 еур)
  • Реприза на новодишна прослава во ресторан со српска музика (40 еур)
  • Патничко и здравствено осигурување 200 мкд
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба 50еур
  • ПАКЕТ ЦЕНА ЗА СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ УПЛАТЕНИ ВО АГЕНЦИЈА 85 ЕВРА.

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • За реализација на факултативите потребно е да се пријават минимум 25 патници

 

Контактирај нé