Пролом Бања

Код на патување:

Пролом Бања – 8 Декември 4 дена/ 3ноќи

1.Ден 05.12.2020  (Сабота)  СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА

Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај
хотел Вип спроти саем. Поаѓање за Србија во 06 часот. Патувањето се одвива
преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување
на  царински формалности. Пристигнување
во Пролом Бања околу пладне, пречек од вработените на хотелот Радан и
сместување по соби. Ручек. Слободно
попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес Центарот на
хотелот. Вечера. Ноќевање.

2.Ден  06.12.2020 (Недела)   ПРОЛОМ БАЊА

Појадок. Организирана прошетка низ Пролом Бања до единствената црква
брвнара во овој крај, Лазарица, позната по единствениот светски мистичен
феноме, 6 стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе.  Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за индивидуални активности можност за
користење на Велнес Центарот на хотелот. Предлог попладневно капење во
внатрешно/надворешниот базен со прекрасна панорама кон падините на планината
Радан, по капењето користење топли клупи тепидариум. Вечера. Ноќевање.

3.Ден  07.12.2020 (Понеделник) ПРОЛОМ БАЊА

Појадок. Ден предвиден за организирана посета со автобус и локалет водич
(дококу временските услови се поволни) до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен
споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран
во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Можност за користење на СПА
услугите на хотелот. Предлог: 30 минути во солена соба, 30 минути во сауна и
ладен туш, релаксација во џакузи. Вечера.
Ноќевање.

4.Ден 08.12.2020
(вторник)  ПРОЛОМ БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време
за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување кон
Македонија во пладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин
Табановце со кратки поапатни паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Скопје во вечерни часови.

 

Цена на аранжманот за резервации до 25.11.2020 – 150€/9.300ден

Редовна цена на аранжманот – 160€/9.920ден

Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по
курс 1€/62ден

Цена по лице за минимум 2 лица во соба 

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со туристички автобус на
наведената релација
;

– Сместување во Хотел Радан 3*  во двокреветни соби на база 3 ноќевања (пролом вода во сите
соби, ТВ, бањарки и фен за коса)
;

– Исхрана на база полн пансион шведска
маса за појадок, ручек и вечера со сервирање
;

– Користење на услугите од Велнес
Центар: отворено – затворен базен, 
сауна, солена соба, џакузи, парна бања, тепидариум
;

– Користење теретана и фитнес сала;

– Користење сала за рекреација
(биљард, пинг понг, пикадо)
;

– Излет до Ѓавола Варош со локален водич
со вклучен автобуски превоз и влезница
;

– Излет до црквата Лазарица со локален
водич
;

– Туристичка такса;

-Организација и реализација со
туристички придружник
.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително патничко осигурување;

– Индивидуални трошоци (масажи,
пијалок и останати неспоменати услуги)
.

 

Попусти и опционални доплати:

– Дете 2-8,99 год. во придружба на 2 возрасни на
дополнителен кревет (фотеља на спуштање) 
бесплатно во хотел плаќа само превоз 25€/1.550ден (на барање)

– Дете 9-13,99год. во придружба на 2 возрасни на
дополнителен кревет (фотеља на спуштање) 
плаќа 50% од цената на возрасен, 75€/ 4.650ден (на барање)

Трет
возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума 150€/.9.300 (на барање)

– Доплата за еднокреветна соба 45€/2.790 (на барање)

– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус –
10€/620ден (мин. 2 седишта)

– Доплата за дополнително седиште во автобус
-35€/2.170ден

– Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од
патник.

 

Важни напомени:

– За патувањето е потребно да поседувате валиден
биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.

– За реализација на патувањето потребен е минимум од
30 патници. 

– За ова патување не е потребен PCR тест.

– За време на патувањето ќе бидат запазени сите
протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца
на патници кои не патуваат заедно.

– При влез во автобус задолжително мерење на телесна
температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура
лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за
меѓународен сообраќај, а уплатениот износ нема да биде рефундиран.

– За време на патувањето во автобус задолжително е
носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.

– Патниците се должни за цело време траење на
патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и
да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

– За резервација потребна е задолжителна уплата на
депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.

– Со потпишување на договорот на патниците им се
доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат
посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во
денарска противвредност по курс 1€=62мкд.

– Цените се дадени по лице за сместување во
двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.

– Реализацијата на излетите е во зависност од
временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни
временски услови да ги откаже излетите.

– Агенцијата го задржува правото за отказ на
аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на
пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

 

– Организаторот го задржува правото за промена на
редоследот на активности во програмата, во случај на потреба. 

 

ХОТЕЛ РАДАН 3*

КОнтакт

За резервации и информации побарајте не!

info@dreamholidays.mk
+389 2 3150 008