Рим
Сите патишта водат кон Рим, нели? И Патувачката библиотека на занимливости и интересни факти денес Ве води главниот град на Италија.
Рим, „Вечниот град“, е со античка историја, од Колосеумот до пристаништето Остиа Антика, величествениот град Ватикан и Сикстинската капела. Поради својата историја, уметност, архитектура и убавина – а секако и гелато и тестенините – Рим е еден од најпопуларните туристички дестинации во светот.
1. Колосеумот
Познат е како Римски Колосеум или Колосеум, а на италијански јазик е Колосео. Но, првично бил познат како Флавијански амфитеатар. Патем, најголемиот амфитеатар (театар во круг) во светот. Изградбата на споменикот започнала во 72 година од императорот Веспасијан и била завршена од неговиот син Тит во 80 година. Модификации на градбата биле направени за време на владеењето на Домитијан од 81 до 96 година. Направен од бетон и повеќе од 700 000 тони камен, споменикот имал дури и велариум, прекривка што била влечена над горниот дел од седиштето за да обезбеди сенка. Колосеумот има практичен дизајн, бидејќи неговите 80 заоблени влезови дозволувале пристап на 50.000 гледачи. А целта на изградбата: забава за богатите римски фамилии која однела преку 50 илјади гладијаторски животи и преку 1 милион диви животни до неговото затворање во 5от век.
2. Фонтаната Ди Треви – машина за пари
Дали некогаш сте се запрашале колку пари се собираат во фонтаната Ди Треви? Илјадници туристи ја посетуваат фонтаната дневно и фрлаат паричка во вода. Според локалната легенда се верува дека паричката фрлена од десната рака над левото рамо во фонтаната ќе обезбеди враќање во Рим. Околу 3.000 евра се фрлаат во фонтаната секој ден! Годишно – преку 700.000 евра. Сите пари се донирани на Каритас, католичка добротворна организација, која ги користи парите за давање помош на семејствата од градот кои имаат потреба.
3. Што ги прави шпанските скали… шпански?
Името на Шпанските скали Ве води во погрешна насока. Изградени меѓу 1723 и 1725 година, тие биле именувани така само затоа што шпанската амбасада била лоцирана на нивниот почеток. Французите всушност имаа повеќе врска со нивното создавање, финансирани од донацијата на францускиот дипломат Етјен Гуфиер. Од некоја причина, „француските скали“ никогаш не биле спомнати.
4. Рим и неговите мачки
Дека законите понекогаш можат да бидат малку чудни, постои необичен закон за заштита на мачките во градот Рим. Донесен е закон во 1991 година кој вели дека на мачките треба да им се дозволи да живеат на место каде што се родени, без да бидат вознемирувани. Ова значи дека не можете насилно да ги отстранувате мачките од локацијата. Поради ова, вообичаено ќе видите многу мачки скитници низ целиот Рим и не е невообичаено да се гледаат мачиња како спијат меѓу античките структури по кои е познат градот.
5. Во Рим има музеј посветен на тестенините
Еден од најобичните интересни факти за Рим што ќе го слушнете е дека во градот кој изобилува со музеи посветени на културата и уметноста, има музеј посветен на тестенините. Овој музеј може да ве научи на сè што сакате да знаете за тестенините. Ако сте голем љубител на италијанската кујна, тогаш ова би можело да биде интересна атракција за да поминете извесно време. Тестенините секако се огромен дел од италијанската култура. Имено, тестенините се појавуваат на Апенинскиот полуостров во 12от век од кога постои и првиот пишан рецепт за нивно приготвување!